Општина Битола: Љубовта и прифаќањето на различностите се на прво место на Светскиот ден на аутизмот

April 2, 2026
1 min read

Секој 2 април светот се обојува во сино, но за нас во ОУРЦ „Кочо Рацин“, оваа боја не е само симбол – таа е секојдневие исполнето со искрени насмевки, уникатни погледи на светот и неуморна борба за прифаќање, беше речено на денешното одбележување на кое присуствуваше и заменик градоначалничката на Битола Марина Крстиќ.

Денес не само што го одбележуваме Светскиот ден на свесноста за аутизмот, туку го славиме секое дете кое нè учи дека комуникацијата не секогаш бара зборови, а љубовта нема граници. Светот е поубав кога ги прифаќаме различностите.

Испратени беа пораки за трпение затоа што на некои им треба малку повеќе време за да го обработат светот околу себе, потоа порака за емпатија за да почувствуваме што се крие зад тишината или зад необичните движења и третата порака за инклузија затоа што секое дете заслужува шанса да учи, да игра и да биде дел од заедницата.

 

На денешното одбележување во Основното училиште во ресурсен центар „Кочо Рацин“ Битола беше кажано дека секое дете е како уникатно парче од сложувалка – без него, сликата на нашето општество не би била целосна.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ФИФА повторно ја зголеми цената на билетите за СП – финалето стигна до 11.000 долари!

Следно

ВМРО: Оставката на Ристоска е ден на жалост за рекет обвинителите и ден на среќа за обесправените

Latest from Blog

Мицкоски: Интерконекцијата Битола–Елбасан отвора нови можности за економијата

Премиерот Христијан Мицкоски денес на поставување камен-темелник на 400 киловати далекувод од ТС „Битола 2” на македонско-албанската граница истакна дека со овој проект Македонија за првпат станува целосно поврзана со сите соседни

Димовски: ТИРЗ бележи напредок од 85% во примената на системот за интегритет

Дирекцијата за ТИРЗ за 2025 година е оценета со највисоко ниво „многу добро“ според најновиот извештај на Државната комисија за спречување корупција (ДКСК), со 85% усогласеност на системот за интегритет. Со ова,

Проданоски најавува крај на неодговорното работење во јавните претпријатија во Прилеп

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, истакна дека времето на неодговорност во локалната самоуправа и јавните претпријатија завршува. „Подготвени сме да се соочиме со секој предизвик, без разлика колку е тежок, бидејќи

Министрството за финансии започна со исплата на повратот од данокот на солидарност

2 април 2026, Скопје – Близу 20 милиони евра досега се вратени кон 119 компании, кои во текот на 2023 година уплатија средства во Буџетот согласно Законот за данок на солидарност. Министерсвото за финансии согласно
Go toTop