Опозицискиот курдски политичар Кедо нема никакви информации за братот киднапиран од терористите на ПКК/ЈПГ во Сирија

September 4, 2024
1 min read

ХАСЕКА (АА) – Опозицискиот курдски политичар Абдула Кедо изјави дека нема никакви информации за братот кој е киднапиран од терористите на ПКК/ЈПГ во градот Хасека во Сирија, јавува Анадолу.

Абдула Кедо е еден од претставниците на Курдскиот национален совет (ENKS), чадор-организација на опозициските Курди во Сирија.

Овој курдски политичар од 15 јуни нема никакви информации за неговиот брат близнак Фетула Кедо, кој е со срцево заболување, откако е киднапиран од тeрористите на ПКК/ЈПГ во квартот Камишли во Хасека.

Абдула Кедо за агенција Анадолу изјави дека терористичката организација ПКК/ЈПГ продолжува да киднапира новинари, политичари и активисти во североисточна Сирија.

Тој истакна дека сѐ уште не знаат ништо за судбината на неговиот брат близнак Фетула, кој го киднапира терористичката организација ПКК/ЈПГ на 15 јуни 2024 година.

„Само во 2024 година, девет медиумски работници, политичари и активисти, меѓу кои и мојот брат близнак Фетула, беа одведени во затворите на ПЈД и нивната судбина сè уште не е позната“, рече овој политичар.

Изјави дека неговиот брат има 60 години и дека има срцеви проблеми.

„Неговото семејство во Камишли нема добиено никакви вести од него по киднапирањето“, рече тој.

Тој ги повика Соединетите Американски Држави (САД), кои ја поддржуваат терористичката организација ПКК/ЈПГ, да побараат итно ослободување на затворениците.

Терористичката организација ПКК/ЈПГ во североисточна Сирија се обидува да ги заплаши опозициските Курди и Арапите со примена на различни притисоци во регионите што ги зазеде.

Опозицискиот курдски политичар Фетула Кедо е роден во 1964 година во населбата Камишли во Хасека. Дипломирал на Институтот за медицинска радиологија, оженет е и е татко на шест деца.

ПКК е сепаратистичка терористичка организација која се наоѓа на листата терористички организации во Туркије, Европската Унија и Соединетите Американски Држави (САД). За време на повеќедецениската терористичка кампања против Туркије терористите на ПКК убија најмалку 40.000 луѓе. Сирискиот огранок на ПКК е ЈПГ.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Погледнете како се гаснеа пожарите кај Прилеп и Катланово (ВИДЕО)

Следно

Познати кандидатите за „Златна топка“, ги нема Меси и Роналдо

Latest from Blog

ВЛЕН: Владината коалиција е стабилна, продолжуваме со исполнување на ветувањата

Централното претседателство на ВЛЕН одржа редовна седница на која беа разгледани актуелните политички случувања и беа потврдени приоритетите на коалицијата за претстојниот период. Од ВЛЕН порачуваат дека остануваат посветени на реализацијата на

Славески: Електронското и мобилното банкарство на „АЛТА банка“ повторно се достапни

Клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола од денеска повторно можат да ги користат електронското и мобилното банкарство за плаќање сметки и други обврски, како и за располагање со своите средства, соопшти гувернерот

Претседателот на Македонско друштво “Илинден“-Тирана, Ѓурѓај се сретна со д-р Ѓорѓевиќ, претставничка на Европскиот центар за прашања на малцинствата

Разговор за правата на македонското национално малцинство во Албанија и можностите за унапредување на соработката меѓу Македонското друштво “Илинден“-Тирана и Европскиот центар за прашања на малцинствата. Во рамките на Дијалогот на Шлезвиг-Холштајн,

Божиновска: Со BAE Systems ја зајакнуваме заштитата на критичната енергетска инфраструктура

Воспоставувањето секторски Центар за безбедносни операции (SOC) и можностите за негово финансирање беа во фокусот на работниот состанок на министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, со претставници на BAE
Go toTop