Опозицијата обвинува за партизација – Владата започна процедура за отповикување амбасадори

January 30, 2025
1 min read

Опозицијата обвинува дека власта врши партизација на дипломатската мрежа, наспроти најавената професионализација. Ова следува откако премиерот Христијан Мицкоски потврди дека докторот Игор Николов, кој бил функционер на ВМРО-ДПМНЕ, ќе биде испратен за амбасадор во Франција.

„Првиот предлог којшто вчера беше соопштен доаѓа како предлог којшто е цврсто партиско решение.“, порача Оливер Спасовски.

Владата на седница одлучила да предложи четворица амбасадори, но и да отповика девет актуелни. Ова е овозможено откако пред еден месец Собранието усвои автентични толкувања на Законот за надворешни работи. Со нив, отсега Владата ќе може да ги отповикува амбасадорите кои пред да бидат испратени не го поминале собранискиот филтер, што се сметаше дека не е задолжителен чекор во процедурата.

„Не може Уставот да биде дерогиран ниту со едно автентично толкување на некакво законско решение… така што се знае дека амбасадорите ги назначува и отповикува претседателот на државата.“, вели Оливер Спасовски.

Спикерот Африм Гаши не гледа ништо спорно.

„Не се сложувам, не го делам тоа мислење, но сепак треба да знаете дека тоа што во Собранието го носи мнозинството на пратеници, тоа е волјата на граѓаните.“, вели Африм Гаши.

На владината седница за амбасадор во Украина е предложен Димитар Блажевски, за амбасадор во Јапонија, Андријана Цветковиќ и за амбасадор во Хрватска, Драган Ѓурчевски. Меѓу отповиканите се амбасадорката во Бугарија, Агнеза Руси-Поповска, Зеќир Рамчиловиќ од Црна Гора, Џенк Сејфула од Шведска, како и амбасадорите од Чешка, Велика Британија, Босна и Херцеговина и од мисијата во Советот на Европа.

ОТПОВИКАНИ АМБАСАДОРИ:

Агнеза Руси-Поповска – амбасадорка во Бугарија

Зеќир Рамчиловиќ – амбасадор во Црна Гора

Методија Белевски – амбасадор во Белгија

Светлана Гелева – амбасадорка и постојана претставничка при Советот на Европа

Пајо Авировиќ – амбасадор и шеф на Постојаната мисија при Меѓународните организации

Јакуп Реџепи – амбасадор во Босна и Херцеговина

Емил Крстевски – амбасадор во Чешка

Џенк Сејфула – амбасадор во Шведска

Катерина Ставревска – амбасадор во Обединетото Кралство

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Герасимовски: Покрената иницијатива за почисти училишни дворови, ја подигнуваме свеста кај децата за грижа за животна средина

Следно

ДЗС: Распределба на нова противпожарна опрема низ државава

Latest from Blog

Надомест за каснување од кучиња – упатство за граѓаните на Прилеп

Локалната самоуправа на општина Прилеп ги известува граѓаните дека започнува примената на Упатството за начинот и правилата на утврдување и исплата на надоместок на штета предизвикана од каснување од бездомни кучиња. Со

Министерката Божиновска најави продолжување на попустите на горивата до 6 април

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ја информира јавноста дека преземените мерки од страна на Владата, во комбинација со конкретни чекори од економските оператори, даваат резултати – цените на горивата се

Општина Битола: Во тек е прием на иницијативи за енергетски капацитети

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ги информира сите заинтересирани инвеститори дека 1 април е краен рок за поднесување иницијативи за изградба на енергетски објекти со инсталирана моќност помала од 1

Земјотрес со магнитуда од 7,6 степени регистриран во Тихиот Океан во регионот на Тонга

Според информациите на Американскиот институт за геофизика, епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 238 километри под морското дно. И минатата година во овој период, поточно на 30 март, силен земјотрес со
Go toTop