Опозицијата и голем број граѓани на Франција со остри критики кон Макрон поради поддршката на Израел

November 12, 2023
2 mins read

ПАРИЗ (АА) – ЕСРА ТАШКИН –

Претставници на опозицијата и бројни граѓани на Франција остро го критикуваат претседателот Емануел Макрон за пружањето отворена поддршка на Израел од почетокот на бруталните напади врз Појасот Газа, јавува Анадолу.

Администрацијата на Париз од првиот ден повика на „хуманитарен прекин на огнот“, а не на „примирје“ што целосно би ги сопрело нападите, тврдејќи дека Израел има „право да се брани“.

Ваквиот став на Владата уште од почетокот беше критикуван од опозицијата во земјата, а Макрон дури на 10 ноември во интервју за британската телевизија Би-би-си рече дека примирјето во Газа би било од корист за Израел.

Меѓутоа, овој повик за целосен прекин на огнот во Газа, кој првпат беше упатен од Франција, се смета за задоцнета реакција откако се убиени повеќе од 11.000 цивили во палестинската енклава.

Матилде Пано, заменик-претседателка на опозициската партија Непобедлива Франција (LFI), изјави дека Макрон предоцна повикал на прекин на огнот во Газа, откако се убиени илјадници луѓе.

Французите, кои се собраа во Париз за да ја поддржат Палестина, исто така порачаа дека повикот на Макрон за прекин на огнот во Газа бил упатен предоцна.

Градоначалникот на Женевиље, Патрик Леклер, го критикуваше пристапот на француската Влада кон израелските напади врз Газа.

„Нашата Влада треба да собере храброст и да преземе акција за да побара прекин на огнот со цел да се постигне мир и да се изнајде решение. Се срамам од ставот на француската Влада. Француската држава отстапи од ставот што го застапуваше со децении. Пружи безусловна поддршка на Израел на почетокот на судирот“, рече Леклер.

Истакна дека сите држави мора да се придржуваат до меѓународното право, вклучително и Израел.

Леклер наведе дека долго време ја поддржува борбата на палестинскиот народ за формирање на држава на сопствена територија.

Францускиот Евреин Серж Гросвак изјави дека Макрон доцна реагирал, додавајќи дека сепак е добро што повикал на прекин на огнот.

„Ова сепак не може да го избрише фактот дека тој и западните држави се одговорни што му дозволија на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху да се однесува на овој начин“, рече Гросвак.

Тој предупреди на хуманитарната катастрофа и загубата на човечки животи во Газа, додавајќи дека е познато дека Нетанјаху веќе долго време сака да ги испрати жителите на Газа во Египет.

„Кукавичлукот на западните држави му овозможува на овој фашист Нетанјаху да дејствува слободно“, рече Гросвак и нагласи дека многу луѓе мора да се борат заедно додека не се изнајде хумано и праведно решение.

Паскал Ле Манах, член на партијата Работничка борба, потсети дека Макрон експресно му пружил поддршка на Израел под изговорот дека има право да се брани.

„Меѓутоа, одговорот на израелската држава на ова е континуираниот масакр на палестинскиот народ, со поддршка на Соединетите Американски Држави, како што тоа беше во изминатите 75 години. Зад Израел јасно стои американскиот, британскиот и францускиот империјализам“, рече овој Французин.

Тој нагласи дека милиони луѓе низ светот се во голем шок и гнев поради нападот на израелската војска врз палестинскиот народ.

„Израел сето ова го прави веќе 75 години со поддршка и соучесништво на американскиот и западниот империјализам. Макрон, исто така, од самиот почеток ја поддржува државата Израел против палестинскиот народ“, рече Ле Манах.

Ријад Бенсари од Париз е на мислење дека ставот на Макрон нема да има големо влијание на она што се случува во Газа.

Додаде дека францускиот претседател дури е и свесен дека неговиот став не се совпаѓа со јавното мислење во неговата земја.

Тибо Леген, 23-годишен студент, смета дека Макрон само дополнително ги поделил граѓаните на Франција.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Посебен режим на сообраќај утре и задутре во центарот на Скопје

Следно

Новореденче почина од сепса на Детската клиника во Скопје

Latest from Blog

Барса со непријатност – по мечот против Валенсија немаше тушеви за играчите

Фото: Барселона Х Промената на стадионот за натпреварот на Барселона против Валенсија (6:0) донесе уште една непријатност. Шампионите на Ла Лига играа пред само 6.000 гледачи на „Јохан Кројф“ во својот тренинг-центар,

Меџити: Чаир ќе стане инклузивна општина за сите граѓани

Првиот-вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, најави изградба на современа и инклузивна инфраструктура во општина Чаир, со цел создавање на средина достапна за сите граѓани, вклучително и

Ќе се отвори „златно доба“ на нуклеарна енергија: САД и Велика Британија со заеднички проекти

САД и Обединетото Кралство во неделата објавија широка серија договори за нуклеарна енергија во кои повеќе водечки американски нуклеарни компании ќе градат проекти во странство. Договорите вклучуваат план за изградба на 12 реактори во Хартлпул со „Центрика“, создавање 2.500

Драма на небото над Хрватска: Авион итно слетал во Загреб откако се појавил чад во кабината

Околу 8 часот наутро, авион на „Еуровингс“ изврши итно слетување на аеродромот „Фрањо Туѓман“ во Загреб. Како што потврди за „Дневник.хр“ портпаролката на Меѓународниот аеродром во Загреб, Лидија Чапковиќ Мартинек, екипажот побарал итно слетување откако

Филе со зеленчук и ориз

Состојки: (за 4 лица) 600-700 грама свинско филе (секое месо ќе биде соодветно) 3 големи главици кромид 2 црвени пиперки 1 голем домат 1 голема тиквичка 1 лажица благ ајвар 1/3 лажичка
Go toTop