Оне Македонија и Ериксон заедно во изградба на напредна 5G инфраструктура

September 29, 2025
2 mins read

Стратешката соработка претставува значаен чекор во инвестициските планови на 4iG во Северна Македонија и ја потврдува посветеноста на компанијата во почитување на европските дигитални и безбедносни стандарди.

(Скопје, 29.09.2025) – Оне Македонија, подружница на групацијата 4iG, потпиша првичен договор со Ериксон Телекомуникации Македонија, каде се наведува стратешка соработка за планирање, дизајнирање, снабдување со опрема и распоредување на една од првите самостојни (SA) 5G мобилни мрежи во Западен Балкан.

 

Овој договор сигнализира цврст чекор напред во намеритена Оне Македонија да стане водечки телекомуникациски оператор во Северна Македонија и ја нагласува долгорочната посветеност на 4iG за инвестирање во напредна дигитална инфраструктура којашто е целосно усогласена со европските стандарди. Партнерството со Ериксон, кој е еден од најдоверливите европски добавувачи на телекомуникациски услуги, ја одразува заедничката визија за градење безбедна, иновативна и напредна мрежа што ја поддржува и националната конкурентност и пошироката дигитална агенда на ЕУ.

5G SA мрежата е замислена како целосен проект, дизајниран од темел со најнапредна технолошка архитектура, вклучувајќи ја мрежата за радио пристап (RAN) и основните мрежни компоненти кои се целосно во согласност со домашните и безбедносните барања на ЕУ. Ова ќе ѝ овозможи на Оне Македонија да им обезбеди искуство за напредно мрежно поврзување на корисниците низ целата земја, од индивидуални потрошувачи до претпријатија и јавни институции.

„Ова партнерство со Ериксон не е само за изградба на мобилна мрежа. Станува збор за градење доверба, транспарентност и дигитална иднина на Северна Македонија. Со овој договор, ние сме еден чекор поблиску до испорака на 5G мрежа од светска класа, создадена во согласност со европските безбедносни стандарди и со потребите на македонските граѓани и институции. Горди сме што соработуваме со глобално почитуван европски партнер додека го правиме овој следен смел чекор“ – изјави Брано Ѓуровиќ, извршен директор на Оне Македонија.

„Со комбинирање на нашата глобална експертиза во 5G самостојна технологија со амбицијата на Оне Македонија да изгради инфраструктура подготвена за иднината, поставуваме темели за безбеден, иновативен и одржлив дигитален екосистем во земјата. Заедно, се стремиме да испорачаме сигурна поврзаност со високи перформанси, зајакнувајќи ја конкурентноста на Северна Македонија и усогласувајќи се со дигиталната агенда на Европа“, изјави Антонио Пасарела, раководител на одделот за Централна Европа и Северен Балкан во Ериксон.

Писмото за намера потврдува дека новата 5G мрежа ќе има за цел да лансира услуги во најмалку еден град до крајот на 2026 година, да се прошири по транспортните коридори до 2028 година, да ги достигне сите урбани области до 2030 година и да обезбеди секој граѓанин да има пристап до интернет со брзина од најмалку 100 Mbps до 2032 година.

Планираната соработка со Ериксон доаѓа во стратешки важно време, бидејќи Оне Македонија ја чека конечната одлука за националниот тендер за спектар, што се очекува на почетокот на ноември.

Како дел од групацијата 4iG, јавно котирана компанија на берзата во Будимпешта со операции низ Унгарија, Албанија и Црна Гора, Оне Македонија ќе ја користи стабилноста, искуството и европската ориентација на една од најбрзо растечките телекомуникациски групации во регионот. 4iG е широко призната по својата лидерска улога во развојот на безбедна инфраструктура и нејзината посветеност на дигиталната трансформација на Западен Балкан.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Луфтханза најави укинување на 4.000 работни места во следните пет години

Следно

Анкета: Велика Британија на работ на политичка револуција

Latest from Blog

Божиновска: Снабдувањето со гориво е сигурно и стабилно за граѓаните

Со оглед на зголемувањето на цените на нафтата на светските пазари и ценовниот притисок што го чувствува целиот регион и светот, снабдувањето со гориво во Македонија е стабилно. Компаниите располагаат со обезбедени

Проданоски: Првата фабрика за селекција на отпад во Македонија ќе преработува до 10 тони на час

Во Прилеп е во завршна фаза изградбата на фабриката за селекција на отпад, проект кој претставува еден од најзначајните инфраструктурни за модернизирање на системот за управување со отпадот во општината. Станува збор

Димитриеска-Кочоска: Растот на БДП отвора простор за нови економски мерки

13 март 2026, Скопје – Буџетот е ликвиден. Пари се обезбедени навреме и има простор за мерки доколку се потребни. Ова го истакна министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во гостување во Само интерву“ на

Над 411 милиони денари капитални инвестиции реализирани во Битола

Денеска заседава Советот на Општина Битола каде на дневен ред е и завршната сметка и годишниот извештај на Општина Битола за 2025 година. Во продолжение Ви го пренесуваме интергрално обраќањето на градоначалникот
Go toTop