ОН: Во просек во Газа дневно се убиени 63 жени, од кои 37 се мајки

March 8, 2024
1 min read

ГАЗА (АА) – Агенцијата на Обединетите нации (ОН) за помош на палестинските бегалци на Блискиот Исток (УНРВА) објави дека во израелските напади на Појасот Газа во просек дневно гинат 63 жени, од кои 37 се мајки, зад кои останале семејства, известува Анадолу.

УНРВА на социјалната мрежа Х објави дека жените во Појасот Газа се изложени на големи страдања како и останатите цивили.

„На 8 Март – Меѓународниот ден на жената, жените во Газа продолжија да ги трпат последиците од оваа брутална војна“, се вели во соопштението.

Потсетуваат дека најмалку 9.000 жени се убиени во нападите на Израел, кој е обвинет за геноцид, и дека многу повеќе има останато затрупани под урнатините.

„Во Газа во просек дневно се убиени 63 жени, од кои 37 се мајки“, наведуваат од УНРВА.

Израел, обвинет за геноцид, во нападите на Појасот Газа од 7 октомври досега уби 30.800 Палестинци, а повредени се 72.298. Повеќе од 70 % од убиените во израелските напади се жени и деца.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Запалени два локали на потпретседателката на општина Звечане во северно Косово

Следно

Десет години од најголемата мистерија во историјата на воздухопловството: Еве што знаеме денес за големата трагедија

Latest from Blog

Официјални информации за земјотресот кој вечерва ги вознемири граѓаните во Македонија

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вечерва во 22 часот и 5 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од територијата на Р. Косово,

БМВ и камион се судрија настана пожар кај Хиподром, затворен автопатот кон Скопје

Тешка сообраќајна несреќа проследена со пожар вечерва предизвика целосен застој на автопатот на влезот во Скопје, на потегот кај Хиподром во правец кон главниот град. Според првичните неофицијални информации, станува збор за

Снимено е убиството на 29- годишен фудбалер, главен осомничен е брат му (ВИДЕО)

Главниот осомничен за убиството на 29-годишниот Пирес е неговиот сопствен брат, кој побегнал од местото, јавуваат аргентинските медиуми. Клубот Алмирате Браун каде настапуваше Пирес излезе со соопштение во кое изразува сочувство до
Go toTop