ОН: Приближно 3,1 милион лица во периодот 2015-2021 година биле жртви на убиство

May 23, 2023
1 min read

ВИЕНА (АА) – Шефицата на Канцеларијата на Обединетите нации за дрога и криминал (UNODC), Гада Фатхи Вали, истакна дека се случуваат проблеми во функционирањето на правните системи во светот и дека приближно 3,1 милион лица во периодот од 2015 до 2021 година го загубиле животот како резултат на убиство, јавува Анадолу.

Вали имаше свое обраќање во рамките на сесијата на Комисијата за спречување на злосторствата и кривична правда, одржана во Канцеларијата на ОН во Виена.

Таа рече дека речиси на секој континент во светот се случуваат конфликти и дестабилизација.

Според неа, како резултат на оваа состојба уште поголем број лица се изложени на организирано злосторство и насилство, додека, рече таа, ова ја прави правдата уште понедостапна.

Вали рече дека 30 отсто од лицата што се наоѓаат в затвор низ светот, се третирани како затвореници без да бидат судени, нешто што, според неа, покажува дека постојат проблеми во механизмот на правдата.

Таа истакна дека во случаите во кои преовладува владеењето на правото, каде што секој има пристап до правдата и каде што луѓето се заштитени од насилство и експлоатација, земјите и општествата ќе видат во најдобра положба со цел реализирање на барањата за развој.

Но, рече Вали, во светлината на случувањата во светот, очекувањата за постигнување на целите за одржлив развој за 2030 година утврдени од ОН, не се многу охрабрувачки.

„Приближно 3,1 милион лица во периодот од 2015 до 2021 година го загубиле животот како резултат на убиство во светот. Иако во 2020 година беше забележан умерен пад во убиствата како резултат на рестрикциите поради КОВИД-19, тоа брзо се промени во 2021 година“, додаде Вали.

Таа нагласи дека има потреба за една обновена решителност, со цел надминување на овие предизвици.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

MARKETING

MARKETING

Претходно

Туркије изврши уште едно тестирање на домашната балистичка ракета „Тајфун“

Следно

Дојави за бомби во училиштата во неколку градови во Србија, за дел е утврдено дека се лажни

Latest from Blog

Предвремените повторно во игра? Филипче вели СДСМ е подготвен, Османи смета дека се потребни

СДСМ е подготвена за предвремени парламентарни избори, вели претседателот на партијата Венко Филипче, но не открива дали тие како опозиција ќе бараат нивно одржување заедно со локалните избори. Според него состојбата во

Пукање на Бит Пазар – МВР со детали

Денеска околу 14.00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Војдан Чернодрински“ на подрачјето на Бит Пазар има пукање од огнено оружје, соопштија од МВР/ Полициски службеници од Полициската станица Бит

Васил Јованов ќе одговара пред суд откако смртно ја прегази на Фросина Кулакова

Кривичниот суд во Скопје го одобри обвинителниот акт против Васил Јованов, кој е осомничен за сообраќајната несреќа во која животот го загуби 22-годишната Фросина Кулакова на булеварот Партизански одреди на 29 јануари

Трамп: Украинскиот Кримски Полуостров „ќе остане со Русија“ при мировен договор

ВАШИНГТОН (АА) – Украинскиот Кримски Полуостров „ќе остане на Русија“ како дел од евентуален договор за прекин на војната на Кремљ против нејзиниот источноевропски сосед, истакна американскиот претседател Доналд Трамп, пренесува Анадолу.
Go toTop