ОН повикаа да се овозможи доставување хуманитарна помош во Газа

October 12, 2023
1 min read

ЖЕНЕВА (АА) – Обединетите нации (ОН) повикаа да се дозволи испорака на хуманитарна помош во Појасот Газа кој е под блокада, јавува Анадолу.

„ОН ги повикуваат сите страни и релевантни актери да ни овозможат пристап за да ја доставиме итно потребната хуманитарна помош за палестинските цивили во Појасот Газа“, изјави за Анадолу Јенс Лаерке, портпарол на Канцеларијата на ОН за координација на хуманитарните активности (OCHA).

Според податоците на агенцијата на ОН, бројот на раселени Палестинци во Газа се искачил на повеќе од 338.000 поради интензивираните израелски воздушни и артилериски напади врз блокираната палестинска енклава.

Паралелно со тоа, Агенцијата на ОН за помош на палестинските бегалци на Блискиот Исток (УНРВА) утринава соопшти дека половина милион луѓе престанале да добиваат витална помош во храна бидејќи агенцијата била принудена да ги затвори сите 14 свои центри за дистрибуција на храна.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Мицкоски: Го повикувам Ковачевски да се охрабри, да не биде кукавица, да не биде сокриен под фустаните на ДУИ

Следно

Јанкуловска од 1 ноември на условен отпуст, Апелација и ја уважи жалбата

Latest from Blog

Руски шпионски сателити ја снимале базата на „забранетиот остров“ – „АКО ГО НАПРАВАТ ТОА ТРИ ПАТИ, ЗНАЕМЕ ШТО СЛЕДИ!“

По обидот за ирански напад, Русија ја фотографирала базата на „забранетиот остров“ Диего Гарсија, кој се наоѓа на островите Чагос, јавуваат украинските разузнавачки служби, пишува The Telegraph. Вододимир Зеленски, претседателот на Украина,

Во Париз одбележани 95 години од смртта на д-р Атанас Коцарев, истакнат македонски онколог

Во организација на здружението „Заборавени Македонци“ од Париз и париската општина Бонди денеска на старите градски гробишта се одржала комеморација за истакнатиот македонски онколог и светски признат научник охриѓанецот д-р Анастас Коцарев

Алиу: Со законски измени ја враќаме одлуката за дарување органи кај граѓанинот

Министерот за здравство Азир Алиу преку својата последна колумна порачува дека претстојните законски измени во областа на трансплантацијата имаат за цел да ја вратат личната одлука таму каде што ѝ е местото
Go toTop