ОН: Повеќе нема да можеме да обезбедуваме хуманитарна помош во Газа

October 16, 2023
1 min read

АНКАРА (АА) – Генералниот комесар на Агенцијата на Обединетите нации за палестински бегалци на Блискиот Исток (УНРВА), Филипе Лазарини, изјави дека „повеќе не можат да обезбедуваат хуманитарна помош во Газа“, јавува Анадолу.

Лазарини потсети дека во Газа нема вода, струја и гориво.

„Моите колеги од УНРВА повеќе не можат да обезбедуваат хуманитарна помош за жителите на Газа. Бројот на луѓе што бараат засолниште во нашите училишта и во другите објекти на УНРВА е огромен и ние веќе немаме капацитет да се справиме со нив“, рече Лазарини.

Тој смета дека наскоро во регионот нема да има ниту храна ниту лекови.

Тој потсети дека Газа е под блокада веќе 16 години и дека повеќе од 60 отсто од населението има потреба од меѓународна помош во храна.

„Газа пропаѓа и се чини дека светот ја загуби својата хуманост. Ако сега не се достават резерви во Газа, УНРВА и хуманитарните работници не ќе можат да продолжат со хуманитарните операции“, рече Лазарини.

Тој ги повика сите страни да отворат коридор за хуманитарна помош

Во израелските воздушни напади во Газа загинаа 2.750 Палестинци. Меѓу загинатите во израелските напади има повеќе од 750 деца.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Маричиќ: Амбициозен, но достижен датум е 2030-та

Следно

Намалување на цената на бензините, зголемување на цената на дизелот

Latest from Blog

Руски шпионски сателити ја снимале базата на „забранетиот остров“ – „АКО ГО НАПРАВАТ ТОА ТРИ ПАТИ, ЗНАЕМЕ ШТО СЛЕДИ!“

По обидот за ирански напад, Русија ја фотографирала базата на „забранетиот остров“ Диего Гарсија, кој се наоѓа на островите Чагос, јавуваат украинските разузнавачки служби, пишува The Telegraph. Вододимир Зеленски, претседателот на Украина,

Во Париз одбележани 95 години од смртта на д-р Атанас Коцарев, истакнат македонски онколог

Во организација на здружението „Заборавени Македонци“ од Париз и париската општина Бонди денеска на старите градски гробишта се одржала комеморација за истакнатиот македонски онколог и светски признат научник охриѓанецот д-р Анастас Коцарев

Алиу: Со законски измени ја враќаме одлуката за дарување органи кај граѓанинот

Министерот за здравство Азир Алиу преку својата последна колумна порачува дека претстојните законски измени во областа на трансплантацијата имаат за цел да ја вратат личната одлука таму каде што ѝ е местото
Go toTop