ОН: „Палестинците гладуваат додека светот гледа“

November 6, 2024
1 min read

ХАМИЛТОН (АА) – Обединетите нации (ОН) денес предупредија за смртоносните услови за живот во северниот дел на Газа и рекоа дека Палестинците „гладуваат додека светот и понатаму продолжува да гледа“, јавува Анадолу.

„Последниов месец, Северна Газа беше под речиси тотална брутална опсада“, истакна портпаролот на ОН, Стефан Дужарик, на прес-конференција, пренесувајќи ја пораката на вршителката на должноста заменик генерален секретар за хуманитарни прашања, Џојс Мсуја.

„Израелските воени копнени операции ги оставија Палестинците без неопходните работи за преживување, ги принудија да бегаат за своја безбедност повеќепати, притоа прекинувајќи им ги патиштата за бегство и за достава на помош“, се вели во пораката на Мсуја.

Нагласувајќи дека „животните услови се смртоносни“ во Северна Газа, таа нагласи дека „цивилите гладуваат додека светот гледа. Овие злосторства мора да престанат“.

Дужарик рече дека оваа година 1.000 палестински домови се уништени на окупираниот Западен Брег и Источен Ерусалим.

Деструкцијата принуди на раселување над 1.100 луѓе, од кои 40 отсто од Источен Ерусалим.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

АлсатМ: Судскиот совет донесе одлука за утврдување одговорност за судијата Пајазит Пајазити

Следно

Јаневска: ВМРО-ДПМНЕ со долгорочен план за покачување на платите на наставниците, образованието конечно станува приоритет

Latest from Blog

„Охридско лето“ со незаборавна музичка вечер: Полските виртуози ја воодушевија публиката во Скопје

Националната установа „Охридско лето“ продолжува да ја збогатува културната понуда и надвор од редовната фестивалска сезона, приредувајќи уште една впечатлива концертна вечер во Камерната сала на Македонската филхармонија во Скопје. Виртуозниот полски

Николоски: Стратешкото партнерство со САД е силно, инфраструктурните проекти се реализираат со одлична динамика

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски денеска оствари работна средба со Никол Варнс, вршител на должноста амбасадор на САД во земјава.  На средбата беше потврдена посветеноста на стратешкото

Коњановски: Младинско катче и кариерен центар за учениците во битолското економско училиште

Учениците во СОЕУ „Јане Сандански“ во Битола добија младинско катче и кариерен центар. Просторот го уредиле самите ученици со поддршка од нивниот професор и координатор Целе Јолевски, а на свеченото отворање присуствуваше

Николоски: Ниските даноци и пристапот до европскиот пазар се предност за јапонските компании

Македонија нуди најдобри и најконкуретни услови за инвестирање во целиот регион. Имаме континуиран раст на БДП, раст на индустријата и единаесет квартали раст во градежништвото. Исто така, даночната политика е најповолна бидејќи
Go toTop