ОН: Над 100.000 ученици запишани во новата учебна година во Газа

February 27, 2025
1 min read

ХАМИЛТОН (АА) – Обединетите нации (ОН) денес објавија дека над 100.000 ученици се запишале на училиште низ Појасот Газа од почетокот на новата учебна година на 23 февруари, јавува Анадолу.

„Заклучно со вчера, над 100.000 ученици се запишаа на училиште по почетокот на новата учебна година на 23 февруари“, соопшти портпаролот Стефан Дужарик на прес-конференција.

Тој изјави дека „до денес, 165 државни училишта се повторно отворени во Газа. За повеќето ученици, ова ќе биде прв пат да се вратат на наставата со физичко присуство во последните 16 месеци“.

Палестинските податоци покажуваат дека 85 отсто од училиштата во Газа се нефункционални поради израелското бомбардирање.

Канцеларијата за медиуми во Газа соопшти дека најмалку 12.800 ученици и 800 наставници и административен персонал се убиени, а 1.166 образовни установи се уништени во војната од октомври 2023 година, проценувајќи ја штетата во образовниот сектор на над 2 милијарди долари.

Дужарик понатаму ја опиша ситуацијата низ окупираниот Западен Брег како „длабоко алармантна“ и нагласи: „Операциите на израелските сили продолжуваат во Џенин, Тулкарм и Тубас, што доведе до понатамошни жртви и раселување и го попречуваат пристапот до здравствена заштита, вода, електрична енергија и други клучни услуги“.

Повикувајќи се на Канцеларијата за координација на хуманитарни прашања (OCHA), тој истакна дека „мора да се почитува меѓународното право и да се заштитат цивилите“.

Бројот на убиени Палестинци во Газа во уништувачката војна на Израел од октомври 2023 година достигна 48.365.

Договорот за прекин на огнот во Газа е на сила од 19 јануари, со што се запре израелската војна која предизвика опсежно уништување и која ја остави палестинската енклава во урнатини.

Меѓународниот кривичен суд во ноември минатата година издаде налози за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и неговиот поранешен министер за одбрана, Јоав Галант, за воени злосторства и злосторства против човештвото во Газа.

Израел се соочува и со случај за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата за неговите постапки во енклавата.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Вечер: За македонските новинари се расправаше во Конгресот на САД

Следно

Почина Борис Спаски-еден од најдобрите шахисти во историјата

Latest from Blog

Џенифер Лоренс јавно го „чепна“ заводникот Леонардо Дикаприо: „Изгледаш одлично со…“

Убавата актерка Џенифер Лоренс предизвика големо внимание во јавноста поради верувањето дека суптилно јавно го критикувала својот колега Леонардо Дикаприо за неговиот љубовен живот, односно партнерките кои ги избира. Двајцата биле гости

Комерцијална банка и Македонијатурист со најголем неделен промет, МБИ10 со пад од 0,41%

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Во периодот од 15 до 19 декември 2025 година, на Македонската берза беа реализирани 328 трансакции со вкупна

Поради маглата откажани и одложени летови, намалена видливост на дел од патиштата

Густата магла во скопската котлина како и вечерва предизвика  откажување и доцнења на летовите од Меѓународниот аердором Скопје, а намалена е видливоста и на дел од од патните правци. Според информациите од

Николоски: Македонија останува посветена на правата на турската заедница

Нема поблизок народ за македонскиот народ од турскиот, нема поблиска држава за Македонија од Туркије и горд сум што можам да кажам дека Македонија овозможува изучување на мајчиниот турски јазик на турската
Go toTop