ОН: Меѓу 25.000 убиени во Газа, 70 отсто се деца и жени

January 19, 2024
1 min read

ЖЕНЕВА (АА) – Обединетите нации (ОН) објавија дека меѓу 25.000 убиени во Газа, 70 отсто се деца и жени, јавува Анадолу.

„Стигнуваме до уште една шокантна пресвртница во Газа. Според Министерството за здравство на Газа, пријавени се речиси 25.000 мртви. Меѓу нив, 70 отсто се жени и деца“, рече Аџит Сунгај, претставник на Високиот комесаријат на ОН за човекови права на окупираните палестински територии.

Тој потсети дека од 7 октомври, кога почнаа израелските напади врз Појасот Газа, повредени се најмалку 61.500 луѓе.

Сунгај напомена дека илјадници луѓе се уште под урнатините и се претпоставува дека повеќето од нив се мртви.

Истакнувајќи дека силното бомбардирање на централна Газа и подрачјето на Кан Јунус јасно се гледа од граничниот премин Рафа, Сунгај рече дека ноќите се „најстрашното“ време за жителите на Газа.

Наведе дека се сретнал со луѓето кои биле уапсени, а подоцна ослободени од Израел.

Сунгај рече дека овие луѓе кажале дека биле затворени од израелските сили на непознати места и дека биле изложени на разни тортури.

„Израел мора да преземе итни чекори за да осигура дека со сите уапсени или притворени лица се постапува во согласност со меѓународните норми и стандарди за човекови права и меѓународното хуманитарно право“, додаде Сунгај.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ЕУ ги анализира мотивите на Приштина за прогласување на еврото за единствено платежно средство во Косово

Следно

Турската полиција приведе 42 лица од потерници на Интерпол

Latest from Blog

„НОВИОТ ТИМ“ на Филипче: Синот на Фрчко кој призна шмркање КОКАИН на Бихаќка се враќа во СДСМ

Александар, другарчето на Заев од јахтата на која аздисуваа со Филипче и ултра лузер на изборите за Аеродром станува потпретседател, исто и нејбезличната министерка за труд и социјала, Тренчевска. Верувале или не,

Австрија нема да забрани палестински знамиња, ниту ќе го пригуши свиркањето за време на израелсјкиот настап на Евросонг 2026.

Австрискиот јавен радиодифузен сервис ORF, домаќин на Евровизискиот натпревар за песна во 2026 година, нема да забрани палестински знамиња од публиката ниту да ги пригуши свиркањата на настапот на Израел како што

Откриени се илјадници траги на диносауруси, стари 210 милиони години- научниците зачудени

Дал Сасо рече дека трагите од диносаурусите формираат траги долги стотици метри и се толку добро сочувани што некои дури имаат отпечатоци од прсти и траги од канџи, објави Би-Би-Си. „Тоа е
Go toTop