ОН: Израел ја блокира испораката на лекови и гориво потребнo за пумпање вода во Северна Газа

January 16, 2024
1 min read

АНКАРА (АА) – Канцеларијата на Обединетите нации за координација на хуманитарни прашања (OCHA) објави дека Израел, кој ја спречува испораката на хуманитарна помош за Појасот Газа, не дозволува испорака на лекови и на гориво што е потребно за испумпување вода во северниот дел на Газа, јавува Анадолу.

Израелските власти ги спречија испораките на лекови и на гориво што е потребно за функционирање на системите за чиста вода и отпадни води да влезат во Газа, се наведува во соопштението на OCHA.

„Недостигот на гориво за вода, депонирањето отпад и хигиената го зголемија ризикот од здравствена и еколошка опасност, а недостигот на лекови ја ослабна функционалноста на шесте болници што се делумно функционални“, се истакнува од ОН.

Од почетокот на јануари дозволена е само една од 19 пратки со помош за снабдување со гориво и материјали за водните постројки во Северна Газа.

Во Појасот Газа, каде што хуманитарната помош е блокирана од израелските сили, има недостиг на основни средства за живот, како и на лекови и медицински материјали, поради што има големи тешкотии во лекувањето на ранетите.

Во извештаите се наведува дека под урнатините има илјадници загинати, цивилната инфраструктура се уништува со таргетирање на болниците и образовните установи во кои се засолнуваат луѓето.

Во извештајот објавен од Канцеларијата на Обединетите нации за координација на хуманитарни прашања на 12 јануари е наведено дека само три од вкупно 21 пратка хуманитарна помош планирани за северниот дел на Појасот Газа биле дозволени во првите 10 дена од оваа година.

Агенцијата на Обединетите нации за помош на палестинските бегалци на Блискиот Исток (УНРВА), исто така, соопшти дека ситуацијата во Газа е влошена до невидено ниво и ја повика меѓународната заедница на итен хуманитарен прекин на огнот.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

Едно лице загина, 4 повредени- експлозијата во фабрика во Крушевац (ВИДЕО)

Следно

Земјотрес од 4,8 степени според Рихтеровата скала регистриран во близина на Пелопонез

Latest from Blog

Единствениот преживеан во авионската несреќа на Ер Индија во која загинаа 241 лице: „Не сакам да разговарам со никого“

Единствениот преживеан од падот на авионот на „Ер Индија“ во кој загинаа 241 лице изјави дека се чувствува „најсреќниот човек на светот“, но исто така е во силна физичка и ментална болка.

Денес е преподобен Иларион Велики

Како што розите растат на трнливо стебло така и овој прекрасен светител се роди од родители незнабожци, во селото Тавата близу Газа Палестинска. Родителите го дадоа на науки во Александрија, каде што

ВРЕДИ: Со еден глас, Албанците го запечатија крајот на ерата на Ахмети

Изборите што ги нарекоа „референдум“ завршија како политички суд против оние што го држеа албанскиот народ како заложник 23 години со лаги и измами. Граѓаните јасно проговорија дека времето на манипулаторите е

Фото: Емилија Кларк во проѕирен фустан на првиот црвен тепих по повеќе од една година

По повеќе од година и пол отсуство од јавноста, Емилија Кларк се врати на црвениот тепих со стил. Ѕвездата од „Игра на тронови“ изгледаше зачудувачки во проѕирен фустан на „Глобал Гифт Гала

ХАОС ПРЕД СРПСКОТО СОБРАНИЕ: Полицијата спречи упад, силни топовски удари, БЛОКАДЕРИТЕ ЗАПАЛИЈА ШАТОР (ФОТО+ ВИДЕО)

Во центарот на Белград, пред Народното собрание, се собрале неколку блокадери, обидувајќи се да предизвикаат хаос, јавуваат медиумите. Според извештаите, блокадерите почнале да фрлаат камења и шишиња кон „Чациленд“. МУП издаде итно
Go toTop