Screenshot

Омерагиќ: Врвни едукатори за напредок на македонското судење

February 20, 2026
1 min read

Претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ, порача дека Федерацијата активно вложува во развојот на судиите, со цел нивно позиционирање на највисоките европски натпреварувања.

Тој информираше дека во рамки на напредната едукација на судиите од Првата македонска фудбалска лига, во земјава престојувал шефот на судиите на УЕФА, Роберто Росети, кој учествувал и во доделувањето на ФИФА амблеми за македонските интернационални судии.

„Сè зависи од вас. Сакаме да ве гледаме во Лигата на шампионите и на Европските првенства“, била пораката што Росети им ја упатил на судиите.

 

Омерагиќ истакна дека ФФМ создава услови за напредок преку ангажирање врвни едукатори и изградба на систем кој ќе обезбеди квалитетно судење.

„Од судиите очекуваме посветеност, континуирано учење, чесност и подобри изданија на теренот. Верувам во македонските судии и во нивниот потенцијал да бидат дел од најголемата европска сцена“, нагласи Омерагиќ.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ТОНЕВСКИ: Системско решение за кучињата скитници во Пробиштип

Следно

Почна реконструкција на водоводната мрежа на „Даме Груев“ во Битола

Latest from Blog

Проданоски: Индустриската зона „Металец“ добива нова инфраструктура и модерно осветлување

Прилеп – Градоначалникот на општина Прилеп, Дејан Проданоски, најави почеток на градежните активности за целосно инфраструктурно уредување на Индустриската зона „Металец“, што претставува значаен чекор кон развојот на локалната економија и привлекување

Битола: Усвоен Деловникот и програмата за превенција на детско престапништво

ОНа денешната седница на Општинскиот совет за превенција на детско престапништво (ОСПДП) на Општина Битола, беше конституиран новиот состав на Советот, со обновен мандат и јасна определба за унапредување на системскиот пристап

Тоневски: Поддршката за спортот останува приоритет во Пробиштип

Пробиштип беше домаќин на традиционалната средба на борачите, на која се собраа ветерани, спортски работници и претставници од боречките клубови од целата држава. Средбата беше организирана од Здружението на борачи ветерани на
Go toTop