Олимписките организации против парични награди за злато во Париз

April 19, 2024
1 min read

Олимписките спортски организации денеска ја критикуваа Светската атлетика, која на спортистите им вети парична награда во износ од 50.000 долари за секој освоен златен медал на Игрите ова лето во Париз.

Одлуката на Светската атлетика и нејзиниот претседател Себастијан Коу се коси со традицијата, бидејќи Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) не им исплатува награди на спортистите, иако владите на нивните земји или Олимписките комитети можат да го сторат тоа.

„Според многумина, овој потег ги поткопува олимписките вредности и уникатноста на Игрите“, соопшти Меѓународната асоцијација на летните олимписки федерации.

Реакцијата доаѓа откако поранешниот двократен олимписки првак на 1.500 метри, Коу, им вети на спортистите вкупен фонд од 2,4 милиони долари или 50.000 долари за секој од 48-те златни медали што ќе бидат доделени на атлетските натпревари во Париз.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Тв серијал „Од неформалната страна со претседателските кандидати“- Максим Димитриевски

Следно

Антониа Гиговска за сефте во бикини, ама наместо на плажа се соблече во теретана (фото)

Latest from Blog

УНИЦЕФ: Поради израелските напади, протерани се 370.000 деца во Либан

Ова е едно од најбрзите и најголемите раселувања во историјата на земјата, соопштија претставници на УНИЦЕФ, агенцијата на ОН за деца. Израел започна тешка воздушна и копнена офанзива врз Либан откако Хезболах,

Муцунски: Критиките од Бугарија за т.н. непочит на малцинските права не се базирани на факти, туку се гола политика која не им служи на двете држави

Природата на актуелната блокада и на сите потенцијални блокади, се поврзани со политика, а не со суштина. Да беа поврзани со суштина немаше да бидеме во оваа ситуација зашто сме земја пример
Go toTop