Олимписката шампионка Томас: Ме демнат неколку лица, се плашам и не знам каде да одам

February 5, 2025
1 min read

Трикратната олимписка шампионка во атлетски спринт-трки Габриела Томас тврди дека ја демне група мажи.

– Ми треба совет во моментов бидејќи се плашам дека ме следат и посматраат. Навистина не знам што да правам или кај кого да одам. Секогаш кога патувам, се плашам да не се појават овие мажи – три до шест, средовечни. Не е важно во кој град одам, тие се појавуваат. Така беше кога летав за Чикаго и назад, тие дојдоа и кога летав за Мајами и назад. Имаат информации за секој мој лет. Се појавуваат или на главниот влез на аеродромот во десната сала, или на мојот излез, што значи дека имаат авионски карти и минуваат низ обезбедувањето. Во неколку наврати ми пријдоа и побараа да потпишам еден куп мои фотографии, околу 40. Не знам што прават со нив, можеби ги продаваат, не ми е гајле, изјави Томас.

Атлетичарката не може да си објасни кој на „посматрачите“ им дава информации за нејзиното движење.

– Она што ме плаши е тоа што ги имаат моите информации за летот иако понекогаш ниту самата јас не знам во колку часот заминувам. Никому не ги кажувам информациите за моите летови. Ги сменив сите мои лозинки за е-пошта. Не знам дали ме хакираат. Тие стануваат многу агресивни и непријателски настроени ако кажам не, а кога сум сама е навистина страшно. Вчера беа многу непријателски расположени кон моето момче Спенсер МекМејнс, објави атлетичарката.

Габриел Томас е трикратна олимписка шампионка во спринт. На Олимписките игри во Париз минатата година, таа победи на 200 метри и штафета на 4х100 и 4х400 метри како дел од тимот на САД.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Во Шведска одржана комеморација во чест на жртвите од трагичниот напад

Следно

Во Туркије се одржува зимска воена вежба, меѓу учесниците и Северна Македонија

Latest from Blog

Резаи: Ракетите ќе преговараат со Трамп

„Секој разговор со ѓаволот е стратешка грешка. Ракетите нека преговараат со американскиот претседател Доналд Трамп“, напиша Резаи на социјалната мрежа „Икс“. Тој ги повика САД да признаат пораз во конфликтот со Иран.

Манасиевски: За да остане на фотелјата Филипче одбра СДС да биде прокси партија по насока на Заев и Башановиќ

Членот на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, на денешната прес-конференција изнесе серија обвинувања на адреса на раководството на СДСМ, тврдејќи дека партијата делува под надворешно влијание и со сериозни внатрешни слабости.

Градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски се однесувал како локален шериф

Градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски се однесувал како локален шериф обидувајќи се да се стави себеси над полицијата и законот. Имено, во 17:45 чaсот во кругот на ПС-Крива Паланка, додека униформиран

Половина од ваучерите за клими веќе се кај граѓаните – процесот тече непречено

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ја информира јавноста дека процесот на подигнување на ваучерите за набавка и вградување на инвертер клима уреди се одвива непречено и со засилена динамика на
Go toTop