Олимпијакос ја освои младинската ЛШ, историски трофеј за грчкиот фудбал

April 23, 2024
1 min read

Фудбалерите на Олимпијакос ја освоија младинската Лига на шампиони (ЛШ), откако во финалето го совладаа Милан со 3:0.

Финалето се одигра синоќа во комплексот на УЕФА во Нион.

Титулата на младинскиот тим на Олимпијакос е историска за целиот грчки фудбал, бидејќи е прва за клупски тим од оваа земја во историјата на турнирите на УЕФА.

До својата премиерна титула Олимпијакос дојде откако постигна три голови за шест минути во вториот дел.

Ова беше десетто издание на младинската ЛШ во која најуспешни се Челзи и Барселона со по две титули, додека Бенфика има рекордни четири настапи во финалните пресметки, а само еднаш го освои пехарот.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ЕУ да се предомисли околу забранувањето на возила на гориво по 2035

Следно

ИМААТ ПО ТРИ ПЕНЗИИ: Лепа Лукиќ и Миле Китиќ заработуваат брдо пари, особено пејачката ја откри сумата – од бројката ќе ви се заврти во умот!

Latest from Blog

Министерството за јавна адмиистрација организира настан „Градење на капацитетите на институциите за обука на јавните службеници“

Министерството за јавна администрација денеска организира настан Тематската група за управување со човечки ресурси и професионален развој (HRMPD), насловен „Градење на капацитетите на институциите за обука на јавните службеници“. Настанот е во

Кина ги предупреди САД и Израел: „НЕ ГО ДОПИРАЈТЕ НОВИОТ ИРАНСКИ ЛИДЕР“

Пекинг денес изрази противење на каква било странска акција насочена против новиот врховен лидер на Иран, Моџтаба Хамнеи. „Кина се спротивставува на мешањето во внатрешните работи на други земји, под каков било

Македонската амбасада во ОАЕ со ВАЖНИ информации за евакуацијата на македонските државјани во Бахреин и Кувајт

Македонската амбасада во Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) вечерва излезе со известување со кое ги информира македонските државјани во Бахреин и Кувајт за времето и начинот на нивната евакуација. -Информација за македонските граѓани
Go toTop