Околу 70 отсто од населението на Газа присилно раселено поради израелските напади

November 7, 2023
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Властите во Газа денес соопштија дека 70 отсто од жителите на Газа се принудно раселени од нивните домови поради тековните израелски напади, јавува Анадолу.

Според последните податоци, населението во Газа се проценува на 2,3 милиони.

Во соопштението, владината Канцеларија за медиуми со седиште во Газа истакнува: „Педесет отсто од станбените единици низ Газа се оштетени од (израелските) напади, а 10 отсто од станбените единици се или целосно уништени или се непогодни за живеење.“

Се наведува и дека половина од болниците и 62 отсто од здравствените центри во Газа не се во функција.

Во соопштението се истакнува дека израелската војска од 7 октомври фрлила околу 30.000 тони експлозив врз Газа.

Израел започна воздушни и копнени напади врз Појасот Газа по прекуграничниот напад на Хамас на 7 октомври.

Најмалку 10.022 Палестинци, од кои 4.104 деца и 2.641 жени, загинаа во израелските бомбардирања врз Појасот Газа. Според официјалните податоци, бројот на загинати во Израел е речиси 1.600.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Италија отвора два миграциски центра во Албанија за сместување на илјадници мигранти годишно

Следно

Изгаснати пет пожари на отворено – најмногу повици на 122 биле упатени кон полицијата и итната медицинска помош

Latest from Blog

Руски шпионски сателити ја снимале базата на „забранетиот остров“ – „АКО ГО НАПРАВАТ ТОА ТРИ ПАТИ, ЗНАЕМЕ ШТО СЛЕДИ!“

По обидот за ирански напад, Русија ја фотографирала базата на „забранетиот остров“ Диего Гарсија, кој се наоѓа на островите Чагос, јавуваат украинските разузнавачки служби, пишува The Telegraph. Вододимир Зеленски, претседателот на Украина,

Во Париз одбележани 95 години од смртта на д-р Атанас Коцарев, истакнат македонски онколог

Во организација на здружението „Заборавени Македонци“ од Париз и париската општина Бонди денеска на старите градски гробишта се одржала комеморација за истакнатиот македонски онколог и светски признат научник охриѓанецот д-р Анастас Коцарев

Алиу: Со законски измени ја враќаме одлуката за дарување органи кај граѓанинот

Министерот за здравство Азир Алиу преку својата последна колумна порачува дека претстојните законски измени во областа на трансплантацијата имаат за цел да ја вратат личната одлука таму каде што ѝ е местото
Go toTop