Околу 70 илјади работници не ја добиле ноемвриската плата

December 30, 2024
1 min read

Според податоците на Управата за јавни приходи, до 16 декември 2024 година, околу 70.000 работници или 13% од легално вработените во земјата не ја добиле ноемвриската плата.

Вкупно 70.650 работодавачи имале обврска да исплатат плати и социјални придонеси за 552.030 вработени. Од нив, 49.911 или 71% од работодавачите ги исполниле своите обврски навреме, осигурувајќи дека 87% од вработените ги добиле платите и социјалните придонеси.

„Овие бројки ја рефлектираат одговорноста и посветеноста на работодавачите во исполнувањето на даночните обврски, што директно влијае на социјалната сигурност на работниците“, соопштија од УЈП.

Сепак, останува загрижувачки фактот дека значителен број работници сè уште чекаат на своите заработени средства, со што се доведува во прашање нивната финансиска стабилност и сигурност.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ахмети го чека Годо

Следно

ДУИ: Изјавите на премиерот Мицкоски се повторување на тактика позната од прирачникот на секој пропаднат авторитарен режим

Latest from Blog

Битола високо рангирана во проектот „Заедници со интегритет“, потенцира Коњановски

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, присуствуваше на значаен состанок организиран од Националниот демократски институт (НДИ), посветен на зајакнување на интегритетот на институциите и борбата против корупцијата на локално ниво. Настанот се
Go toTop