Околу 600.000 Палестинци во Газа се раселени за време на израелските напади

October 25, 2023
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Повеќе од 600.000 луѓе се раселени во блокираниот Појас Газа поради израелските напади, објави Агенцијата на Обединетите нации за помош и работа за палестинските бегалци на Блискиот Исток (УНРВА), јавува Анадолу.

„Тие објавија извештај под називот ‘Ситуацијата во Појасот Газа и Западниот Брег, вклучувајќи го Источен ал-Кудс (Ерусалим): 17 дена во војна’.“

Во извештајот се наведува дека 600.000 луѓе се раселени во Газа по израелските напади што траат од 7 октомври и дека овие луѓе биле сместени во 150 засолништа што ѝ припаѓаат на УНРВА.

Соопштено е дека во последните 24 часа се раселени уште 10.000 луѓе, а околу 430.000 Палестинци се раселени во централна Газа, како и во регионите Кан Јунис и Рафах.

Во извештајот се наведува дека од 21 октомври до Газа биле испорачани 54 камиони со помош, дека во камионите имало храна, вода и лекови, но не било можно да се обезбеди гориво.

Израел ја бомбардира Газа по ненадејниот напад на Хамас на 7 октомври, ставајќи ја целата енклава под блокада, поради што 2,3 милиони жители се со малку вода, гориво и медицински материјали.

Израелската војска продолжи со своите интензивни воздушни напади врз Газа, во кои уништи цели квартови.

Во израелските напади на Газа убиени се 5.791 Палестинец, од кои 2.360 се деца, 1.292 жени и 295 стари лица.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Скопјанка пријавила дека внукот и бил нападнат во автобус

Следно

Минче од Пласница ќе добие парична награда од 30 илјади денари по нападот од мечка!

Latest from Blog

Мерц: Околу 80 отсто од 900.000 Сиријци во Германија треба да се вратат во татковината во следните три години

На денешната прес-конференција во Берлин, одржана заедно со сирискиот привремен претседател Ахмед ал Шара, Мерц истакна дека двајцата лидери постигнале согласност за овој план. Според канцеларот, во текот на „подолг рок од

Мицкоски оствари средба со Орбан: Македонија продолжува напред со достоинство, со реформи и со поддршка од вистинските пријатели

Премиерот Христијан Микоски денеска во Будимпешта оствари значајна и содржајна средба со премиерот на Унгарија, Виктор Орбан. -Разговаравме за продлабочување на економската соработка, нови инвестиции и конкретни проекти кои ќе донесат придобивки

Проданоски: меѓуопштинската соработка носи поефикасни услуги за граѓаните

Градоначалникот на општина Прилеп, Дејан Проданоски, денеска во Скопје учествуваше на настанот „Унапредување и зајакнување на меѓуопштинската соработка во локалната самоуправа“, во организација на Министерството за локална самоуправа, во соработка со УНДП
Go toTop