Околу 3000 учеснички на 13. „Авицена женска трка“, најбрза Теа Божиновска

April 13, 2025
1 min read

Приближно 3000 учеснички беа дел од 13. „Авицена женска трка“ што претпладнево се одржа по булеварот „Илинден“ во Скопје, во организација на Сојузот на спортови на Скопје, под покровителство на Град Скопје. Најбрза на трката беше Теа Божиновска од Атлетскиот клуб „Скопски маратон“, која прва ја помина целта со време од 10 минути и 29 секунди.

Второто место ѝ припадна на Фросина Михајловска од АК „Аеродром“, со време 10:39 минути, додека на третото место се пласираше Дарија Крстевска од АК „Олимп“, со резултат од точно 11 минути.

По завршување на трката, на свечена церемонија беа прогласени најбрзите натпреварувачки, а награди од партнерите на трката добија и најдобрите во девет одделни возрасни категории во кои беа поделени учесничките.

Покрај нив, наградени беа и најсреќните во лотаријата што се одржа вчера, во која учествуваа сите стартни броеви на натпреварувачките.

Конечните резултати од годинашната „Авицена женска трка“ може да се проследат на веб-страницата tagtiming.mk.

Гордана Николовска од Сојуз на спортови на Скопје изјави дека е горда што веќе 13-та година по ред успеваат да мотивираат голем број жени, љубители на спортот, да излезат и да трчаат за здрав живот.

-Авицена женската трка дефинитивно прерасна во една традиционална спортска манифестација, со што искрено се надевам дека бројот на учеснички на следното издание ќе биде уште поголем. Како и во изминатите години, така и денес, учесничките успеаја да го наполнат Градски парк со спортски дух и позитивна енергија. Приближно 3000 жени учеснички од девет возрасни категории се појавија на стартот на кружната трка во должина од три километри, во близина на фонтаната „Лотос“, испраќајќи силна порака за женска солидарност, мотивација и поддршка и создавајќи позитивна енергија која ја одбележа целата манифестација. „Авицена женската трка“ и оваа година ја пренесе пораката дека здравиот начин на живот е најважен, истакна Николовска.

Поддршка на годинашната Авицена женска трка дадоа и претставници од Здружението за промоција и поттикнување на спортски активности – 091 Run Crew од Скопје.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

Десетици мртви во руски напад на Суми, Зеленски бара светот да ја казни Русија

Следно

АА: Дури и трагедиите се злоупотребуваат за да се удира врз Албанците, ова е неправда дури и кон жртвите од Кочани

Latest from Blog

Зеленски: Германија и достави на Украина два противвоздушни системи „Патриот“

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес во видео обраќање во Брисел објави дека Германија ѝ префрлила на Украина два противвоздушни системи „Патриот“. Тој го објави ова во видео обраќање до учесниците на Европскиот

На вештачката интелигенција најмногу ѝ оди полски: Англискиот е на 6. место

Иако полскиот јазик се смета за еден од најтешките јазици за луѓето, вештачката интелигенција го разбира изненадувачки добро, постигнувајќи просечна точност од 88% во завршувањето на задачите. Полскиот јазик се покажа како

Мицкоски: Малтретирањето на земјите со вето ги уништува вредностите на ЕУ

„Ако некој се осмели да малтретира некој друг што сака да се приклучи на клубот, зошто другите би молчеле?“, праша премиерот  Христијан Мицкоски на самитот за проширување организиран од Еуроњуз, осврнувајќи се

Во Република Српска потврден случај на тифус кај студентка од Индија

Заразената е студентка од Индија и преземени се сите неопходни мерки за нејзино лекување и спречување на ширење на инфекцијата. Станува збор за увезен случај, бидејќи студентката претходно прележала тифус, а пред
Go toTop