ОЈО СО ДЕТАЛИ ЗА АКЦИЈАТА „АДИТИВ“: Под истрага 23 лица, акцијата е во тек – се обезбедуваат материјални докази

December 10, 2024
2 mins read

По двонеделна предистражна постапка што започна да се спроведува од 21.11.2024 година кога предметот е доставен на надлежно постапување на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, денеска од раните утрински часови под раководство на двајца јавни обвинители се реализира голема полициска акција. Единиците на МВР заедно со истражители од Истражниот центар на ОЈО ГОКК, врз основа на 77 барања за издавање наредби за претрес доставени до Основниот кривичен суд Скопје започнувајќи од 27.11. до 9.12.2024 година, извршуваат претреси на локации во Битола, Неготино, Велес, Кичево и Скопје. Издадени се три наредби до Управата за финансиско разузнавање и низа наредби за обезбедување податоци до надлежни институции и МВР. Јавните обвинители донесоа Наредба за спроведување на истражна постапка против 23 лица за кои постои основано сомневање дека сториле кривични дела против јавните финансии, платниот промет и стопанството и кривични дела против службената должност и против правниот сообраќај, информираат од ОЈО.

Во период од 13.04.2023 до 23.08.2024 година, дел од осомничените во својство на службени лица во АД ЕСМ и АД „Пошта на Северна Македонија“ создале група која имала за цел вршење на кривични дела Злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или јавно – приватно партнерство, Злоупотреба на службена положба и овластување и Перење пари и други приноси од казниво дело предвидено и казниво по чл.273 од Кривичниот законик. Во текот на 2023 и 2024 година припадници на оваа група станале и дел од осомничените, а со намера да прибават за себе или за друг имотна корист од поголеми размери или да предизвикаат штета од поголеми размери, осомничените свесно ги повредиле прописите за постапката за јавен повик, доделување договор за јавна набавка или јавно – приватно партнерство, со договарање со други можни учесници заради изигрување на постапката за доделување на договори за јавна набавка.

Така, откако организирале и извршиле пререгистрација на дејност на правните субјекти во нивна сопственост, осомничените управители и сопственици на правни лица, како учесници во постапки (економски оператори), меѓусебно се договарале да ги изиграат постапките за набавка на адитив за јаглен за потребите на АД ЕСМ – Подружница РЕК Битола и подружница РЕК Осломеј. На начин опишан во диспозитивот на наредбата, овозможиле кривично одговорно правно лице да го добие Договорот за јавна набавка за набавка на адитиви против формирање на згура/троска при согорување на јаглен во котел, адитив RPT 601, 190.000 кг. за потребите на РЕК Битола и 120.000кг. адитиви RPT 602 за потребите на РЕК Осломеј и да се стекне со имотна корист од големи размери во вкупен износ од 397.636.400,00 денари.

Потоа, со намера да го прикријат движењето на парите за кои знаеле дека се прибавени со кривично дело Злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или јавно – приватно партнерство од чл.275-в од КЗ, дел од осомничените организатори и дел од осомничените припадници на злосторничкото здружение во периодот од 24.11.2023 до 28.06.2024 година во Битола, Неготино и Скопје пуштиле во оптек, примиле пари, извршиле пренос на паричните средства и подигале готовина во вкупен износ 414.776.400 денари.

Акцијата е во тек, се обезбедуваат материјални докази врз основа на кои ќе се донесе одлука за примена на мерките на обезбедување на осомничените, за што јавноста ќе биде информирана во текот на утрешниот ден.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ВО ЖИВО: „Што ви дишат децата“ – Протест за чист воздух

Следно

Либија побара вонредна седница на Арапската лига поради израелската окупација на територијата во Сирија

Latest from Blog

Селекторот Лазаров одреди список од 35 ракометари за квалификациите за ЕП 2028, на него е и Горига

Селекторот на машката ракометна репрезентација на Македонија, Кирил Лазаров, го објави поширокиот список од 35 ракометари за почетокот на квалификациите за Европското првенство во 2028 година. Од оваа група ќе бидат избрани

Николоски: Со Турција имаме голем потенцијал за нови инвестиции и посилна економска соработка

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски оствари средба со новоименуваниот амбасадор на Република Турција, Алпер Акташ, на која беа разгледани билатералните односи меѓу двете земји, како и можностите

4iG IT склучи договор со владата на Црна Гора вреден 54 милиони евра за модернизација на безбедносните служби и граничната полиција

Компанијата 4iG IT Ltd. дел од 4iG Групацијата и Министерството за јавни работи на Црна Гора потпишаа договор за дигитализација и технолошка модернизација на институциите задолжени за спроведување на законот и граничната

Зеленски: Украина сака што поскоро да ја заврши војната со Русија и е подготвена за преговори

Финскиот претседател Александар Стуб изјави дека на средбата со американскиот претставник Стив Виткоф е постигнат вистински напредок и дека предлозите за мир ќе бидат доставени до руската страна, пишува Би-Би-Си. Зеленски потврди
Go toTop