ОЈО ГОКК: Барањето за амнестија на обвинетите во „Организатори на 27 април“ не може да се спори

December 24, 2024
1 min read

Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција достави мислење до Основниот кривичен суд Скопје за примената на Законот за амнестија во случајот „Организатори на 27 април“. Во мислењето се истакнува дека барањето на одбраната на обвинетите за примена на законот не може да се спори, особено ако се земат предвид обвинетите и осудените што веќе се амнестирани.

Како што соопштуваат од Обвинителството, мислењето е донесено врз основа на ставот на Стручниот колегиум на Јавното обвинителство на Република Северна Македонија, по напатствија на Апелацискиот суд Скопје.

Дополнуваат дека ваквото мислење јавниот обвинител детално го образложил, пред сѐ имајќи ги предвид обележјата на кривичното дело „Терористичко загрозување на уставниот поредок“ и својството во кое секој од обвинетите ги исполнил тие обележја, а кое својство е клучно за оценка дали може или не може да се примени институтот од Законот за амнестија.

– Обвинетите бараат примена на овој закон, кое нешто како уставно право секако им припаѓа, да се повикаат на примена на институтот кој е отелотворен во донесениот закон за амнестија. Оттука барањето на одбраната за примена на законот, за нивен еднаков третман пред законот како и останатите осомничени и обвинети кои добија амнестија врз основа на истиот закон е нешто кое не може да се спори, стои во произнесувањето.

Оттаму дополнуваат дека почитувајќи ги законските одредби и имајќи ги предвид ограничувањата при примената на законот, обвинителството темелно ги образложило причините за своето мислење со кое наоѓа дека кај тројца од обвинетите законските одредби налагаат амнестија, додека кај еден обвинет не може да се примени овој правен институт, бидејќи за истиот важат исклучоците од амнестијата која ја дал законодавецот со своето законско решение.

Претходно денеска, од Основниот кривичен суд Скопје информираа дека судењето за случајот „Организатори на 27 април“ е одложено за 23 јануари откако на денешното рочиште Јавното обвинителство дало мислење за примена на Законот за амнестија за обвинетите Миле Јанакиески, Спиро Ристески и Трајко Вељановски, а истото не се однесува на обвинетиот Владимир Атанасовски.

Како што информираа од Кривичен суд за МИА, Судот мислењето го доставил до странките во постапката и рочиштето се одложило за 23 јануари до кога треба да одлучи по барањето на странките и мислењето на обвинителство.

Претходно, обвинетите кои се товарат дека сториле кривично дело „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“, поднесоа барање до Основниот кривичен суд да одлучи по поднесокот за амнестија без да се изведуваат материјални и вербални докази.

Апелацискиот суд во април годинава ја укина првостепената пресуда од јули 2021 година, со која поранешниот спикер Вељаноски беше осуден на шест и пол години затвор, екс министрите Јанакиески и Ристовски добија казна од 6 години и три месеци затвор, додека поранешниот директор на УБК Атанасовски шест години затвор, и предметот го врати на повторно судење.

Процесот го води судијата Илија Трпков, а застапник на обвинението е јавната обвинителка Искра Хаџи Василева.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Турскиот претседател Ердоган го прими лидерот на либанските Друзи

Следно

ФОТО: Дел од полициските единици добија нови автомобили

Latest from Blog

Савески: Ќе се постапува по секој предмет за кој има законски основ

Новоизбраниот државен јавен обвинител Ненад Савески вели дека никогаш нема да коментира ничија изјава, нагласувајќи дека првото нешто што го направил откако е на функцијата е средба со јавните обвинители во Државното

Беким Сали на отворањето на 4-та Балканска школа за педијатрија: Зајакнување на здравствените капацитети за децата

Во присуство на бројни здравствени експерти од регионот, денеска официјално започна 4-тата Балканска школа за педијатрија, значаен настан кој ги обединува педијатрите од различни земји со цел унапредување на знаењето и размената

Коњановски: Поголема поддршка за одвикнување од пушење во Битола

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, денеска имаше поздравно обраќање на работилницата посветена на зајакнување на активностите за контрола на тутунот и унапредување на услугите за одвикнување од пушење на локално ниво. Настанот

Ајвар, ќебапи и криптовалути во центарот на Скопјe: Binance носи мешавина од традиција и иновација

(Скопје, 25 март) – Binance, водечката светска берза за криптовалути по обем на тргување и корисници, ќе одржи уникатен настан „Камион со ќебапи“ во Скопјe, Македонија. Од 10:00 часот наутро до 16:00
Go toTop