Охридскиот аеродром неискористен, туризмот има потреба од нови авио-линии

March 15, 2024
1 min read

Капацитетите на Охридскиот аеродром ни одалеку не се искористени. Аеродромот изграден во времето на поранешна Југославија, имаше за цел на регионот да му носи повеќе гости и подобра заработувачка. Но, само неколкуте редовни линии преку целата година не се доволни, сметата туристичките работници. Актуелно оттука се лета до Виена, Малме, Меминген и Цирих.

„Имаме идеални услови преку аеродромот да се поврземе и со хрватските градови. Веќе имаме линија Охрид-Белград, четири пати неделно. Мислам дека ќе се јави потреба од воведување на нови авионски линии до екс-ју просторите. Аеродормот треба да се валоризира во повеќе насоки и со повеќе линии и со тоа колку и да се инвестира, сè ќе биде повратно бидејќи тие луѓе ќе бидат конзументи на нашите услуги“, рече Михајло Филев- туристички работник.

Група од педесеттина хрватски туристи кои престојуваа неколку дена во Охрид, мораа да слетаат во Скопје, па од таму да патуваат преку незавршениот автопат од Кичево.

„Авионска линија до Охрид сигурно би било многу добро бидејќи ние до овде патувавме 12 часа, поминавме две граници. Да бевме со авион тој пат сигурно ќе беше пократок. Како агенција доста го работиме Охрид. Се споменуваат и Битола и Скопје, но Охрид е број еден“, рече Светлана Ловренчиќ -туристичка агенција од Хрватска.

Во време на поранешна Југославија, Охрид авионски бил поврзан и со Дубровник, па дел од странските гостите кои престојувале во една од овие две дестинации, на неколку дена доаѓале или во Охрид или во Дубровник.

Регионот околу Охридското езеро секоја година станува сè поатрактивен, но стигнувањето до тука ќе биде многу поедноставно ако се зголеми бројот на летови, сметаат од туристичките агенции.

„Имаме големи најави. Бројките кои сме ги имале за минатата година, скоро со 30-40% се зголемени, резервациите, групите, бројките растат и се надеваме дека ќе имаме успешна сезона“, рече Јаким Маленко, сопственик на туристичка агенција.

Во моментов има најава за воведување на директна авио линија Охрид – Истанбул. Преку летото за Охрид има летови од Холандија, Полска, Србија, Англија, Белгија и неколку други земји.

Мики Трајковски

Извор: alsat.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ДОАЃА ГОЛЕМИОТ ПРАЗНИК ПРОЧКА – еве што мора да направите на тој ден

Следно

Ескобар за РСЕ – Курти го одби предлогот за динарите

Latest from Blog

Десет мртви и 27 повредени во оружен напад во средно училиште во Британска Колумбија, Канада

Би-Би-Си јави дека пукањето се случило околу 13:20 часот по локално време. Полицијата пронашла шест мртви лица во училиштето, додека седмиот починал на пат кон болницата, а две лица биле пронајдени без

Официјални информации за земјотресот кој вечерва ги вознемири граѓаните во Македонија

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вечерва во 22 часот и 5 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од територијата на Р. Косово,

БМВ и камион се судрија настана пожар кај Хиподром, затворен автопатот кон Скопје

Тешка сообраќајна несреќа проследена со пожар вечерва предизвика целосен застој на автопатот на влезот во Скопје, на потегот кај Хиподром во правец кон главниот град. Според првичните неофицијални информации, станува збор за
Go toTop