Охрид живее во ритамот на виното – одличен старт на Ohrid Wine Festival Vol. 5

June 26, 2026
1 min read

Првата вечер од Ohrid Wine Festival Vol. 5 помина со голема посетеност, одлична атмосфера и бројна публика на Кеј Македонија во Охрид. Настанот, кој започна вчера и ќе трае до 27 јуни, уште од првата вечер го привлече вниманието на охриѓани, туристите и посетителите кои уживаа во македонско вино, музика, гастро понуда и летно дружење покрај езерото.

Кеј Македонија беше исполнет со посетители кои имаа можност да дегустираат исклучиво македонски вина од домашни винарии и производители, со што фестивалот уште еднаш ја стави во фокус домашната винска приказна. Покрај винската понуда, публиката уживаше и во музичката програма, која првата вечер ја одбележаа настапите на Група Сарај, Дани Димитровска и Меморија.

Ohrid Wine Festival Vol. 5 продолжува и вечерва, со нова програма и уште една можност за посетителите да бидат дел од фестивалската атмосфера на отворено.

 

Фестивалското дружење започнува во 19:00 часот, а музичката програма стартува во 20:00 часот со настапот на Брос Марама. Во 21:30 часот ќе настапат Ѓоко Ѓорчев со Кате Танева, во 23:00 часот Куку Леле, додека во 00:30 часот програмата продолжува со Пауза за ракија.

Фестивалот и годинава има за цел да ги поврзе македонското вино, домашната музичка сцена, гастро понудата и летната енергија на Охрид. Во следните две вечери, Кеј Македонија останува место за дегустација, дружење, музика и раздвижена летна атмосфера покрај езерото.

Ohrid Wine Festival Vol. 5 продолжува до 27 јуни на Кеј Македонија во Охрид. Завршната вечер ќе ја одбележат Солзи и Смеа, DJ Fic, Битолски камерен оркестар и Суперхикс.

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Еквадор со победа над Германија до нокаут-фаза, „слоновите“ го преслушаа Курасао (ВИДЕО)

Следно

Нови правила во Брисел – ФРАНЦИЈА И ГЕРМАНИЈА ТУРКААТ „МЕМБЕРШИП-ЛАЈТ“

Latest from Blog

МЕПСО реконструира осум трафостаници: На ред е и ТС Скопје 4 во Пинтија

МЕПСО започнува со целосна реконструкција и енергетска модернизација на осум трафостаници, меѓу кои и ТС Скопје 4 во Пинтија. Како што информираат од компанијата, по пет децении од изградбата на командната зграда

Седум американски сојузни држави поднесоа тужба против администрацијата на претседателот Доналд Трамп

Во тој „пакет“ беа вклучени околу 810 милиони долари што Белата куќа се обиде да ги укине пред крајот на фискалната година. Минатата недела, Трамп се обиде еднострано да ги задржи средствата

Михаил Пановски до Левица: „Божиновска не одлучува за цената на струјата и не управува со ЕСМ“

Поранешниот пратеник Михаил Пановски реагираше на денешната прес-конференција на Левица, на која партијата ја критикуваше министерката за енергетика Сања Божиновска. Според Пановски, дел од критиките се однесуваат на прашања што не се

Португалците очекувале дека Роналдо сам ќе се повлече по Мундијалот, новиот селектор дури и поставил услов

Португалската фудбалска федерација очекувала Кристијано Роналдо да се повлече од репрезентацијата по Светското првенство во 2026 година, објавува мадридски „Ас“. Според весникот, при изборот на наследникот на Роберто Мартинез, федерацијата предводена од
Go toTop