Охрид станува центар на современата стоматологија: Д-р Баткоски го лансира првиот имплант тренинг центар за „Ditron Dental“ во Европа

January 21, 2026
1 min read

Реномираниот стоматолошки центар „Д-р Баткоски“ стана првиот имплант тренинг центар во Европа за доктори од Виетнам и Израел, лиценциран од израелска компанија „Ditron Dental“.

Како еден од светските лидери во имплантологијата, оваа биомедицинска компанија е фокусирана на истражување, развој и производство на врвни компоненти за дентална реставрација. Главен застапник на „Ditron Dental“ на македонскиот пазар е токму стоматолошкиот центар од Охрид.

Менаџерот и основач на центарот, спец. д-р Небојша Баткоски најавува дека во следните фази за развој на центарот ќе имаат можност да се вклучат доктори и од други земји. Дел од плановите е и отворање на нов центар.

„Нашата визија е да ги донесеме глобалните иновации дома и да им овозможиме на колегите пристап до најсовремените технологии и методи кои се применуваат во светот. Имплантологијата денес не е само враќање на функцијата на забите, туку уметност на создавање долготрајни и здрави насмевки. Соработката со ‘Ditron Dental’ ни овозможи да го организираме првиот лиценциран тренинг-центар за производите на овој израелски бренд во Европа. Стартуваме со првиот курс во февруари, дизајниран да им понуди решенија за комплексни случаи, нудејќи им знаења кои се веднаш применливи во нивната секојдневна практика“, вели спец. д-р Баткоски.

Првиот циклус предавања ќе се одржи од 17 до 21 февруари во Охрид, замислен како петдневен, интензивен меѓународен едукативен настан. Главен организатор е спец. д-р Небојша Баткоски, кој во обуката ќе се вклучи заедно со својот стручен тим: спец. д-р Билјана Пецакова, спец. д-р Марија Симончева, д-р Кирил Мандулоски, д-р Наташа Котевска и д-р Катерина Верушевска.

Тренинг-програмата е поделена во четири клучни модули: хируршки основи, хируршки процедури, протетски модул и хирургија во живо (Live Surgery). Програмата ги обединува најновите светски трендови, со посебен фокус на дигиталните технологии и прецизните хируршки протоколи. Наменета е за стоматолози кои сакаат да го усовршат своето знаење во имплантологијата, да го подобрат процесот на носење одлуки кај комплексни случаи и да стекнат поголема сигурност во хируршките и протетските работни процеси (workflow).

По успешното завршување на програмата, учесниците ќе добијат официјални сертификати за стекнатите знаења и вештини.

ВИДЕОТО МОЖЕ ДА ГО ПОГЛЕДНЕТЕ ТУКА

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Предлог-законот го регулира пушењето на отворен јавен простор каде има присуство или движење на повеќе луѓе

Следно

Од денес работите се менуваат за ОВОЈ хороскопски знак: Го очекува златен период по двете години пекол

Latest from Blog

Од денес работите се менуваат за ОВОЈ хороскопски знак: Го очекува златен период по двете години пекол

Рускиот астролог Тамара Глоба тврди дека за овој хороскопски знак работите ќе тргнат на подобро. Рускиот астролог Тамара Глоба најавува дека на еден хороскопски знак од 21 јануари сè ќе му тргне

Предлог-законот го регулира пушењето на отворен јавен простор каде има присуство или движење на повеќе луѓе

Со новиот предлог-закон за заштита од пушењето е предвидено регулирање на пушењето на отворени јавни простори каде има присуство или движење на повеќе луѓе. Поконкретно, станува збор за простор околу здравствени, образовни
Go toTop