Охрид деновиве живее во полн туристички ритам

July 5, 2026
1 min read

Раздвижени улици, полни тераси и плажи – Охрид деновиве живее во полн туристички ритам. Во екот на летната сезона, кога градот е преплавен со гости од земјава и странство, повторно се актуализира и прашањето за цените. Додека домашните гости сè почесто реагираат дека дел од услугите стануваат прескапи, странските туристи велат цените се пристапни.

„Многу добра вредност, односно квалитет за цената. Поевтино е од Англија“, рече турист.

„Доаѓаме од Австралија на одмор со семејството. 0129 Кога ќе споредам со Битола овде е многу поскапо, но тоа е цената на туристичко место. Цените не се превисоки“, рече друг турист.

„Спрема заслугата и акот. За нас не е лошо. Туристичко место мора да е поскапо“, изјави нашинец.

„Доаѓаме од Чешка цените се сосема во ред“, изјави турист.

„Јас би рекол дека цените се како кај нас, но сосема очекувано ова е туристичко место. Вообичаено е поскапо“, додаде друг.

„За нас не е скапо за нас е убаво, поевтино е од Словенија“, рече друг.

Угостителите велат цените се формираат согласно понудата, квалитетот на услугата, амбиентот и локацијата на локалите.

„Ќе повторам повторно, мислам дека за странските гости сме доста евтини. Можеби нашите домашни гости ги чувствуваат цените како малку повисоки и за нив можеби сме поскапи, меѓутоа тоа е цената што ја носи еден туристички град.“, изјави Асим Челик, угостител.

Од Министерството за економија предупредуваат превисоките цени можат негативно да се одразат врз туристичката сезона. Иако станува збор за пазарна економија, ценовната политика мора внимателно да се балансира за да не се наруши конкурентноста на туристичката понуда.

„Туристичка сезона е, туристичко место, меѓутоа тоа не значи дека треба да одат во вис цените. Прво, ги бркаат туристите, а од друга страна, за такви цени треба да имаме многу поволен квалитет.“, изјави Марјан Ристески, заменик министер за економија

И покрај поскапувањата, туристичките работници оценуваат дека Охрид и натаму останува меѓу подостапните туристички дестинации во регионот, пишува МРТ.

Извор: zurnal.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Роналдо потврди: Ова ми е последен Мундијал!

Следно

ХАЛАНДМИНАТОР…(ВИДЕО)

Latest from Blog

Меџити: Чаир слави балкански шампион, ШКУПИ освои три медали во Хрватска

Од Хрватска пристигнуваат убави вести за Чаир. Борачите на клубот ШКУПИ постигнаа одличен успех на Балканското првенство во Копривница, освојувајќи три медали. Харун Мемеди стана балкански шампион во категоријата до 38 килограми,

Нов скандал на амбасадорката на Трамп во Грција, се појавија нејзини пораки: Уплати 100.000 на мојата АМЕКС

Кимберли Гилфојл, амбасадорка на САД во Грција, поранешна свршеница на Доналд Трамп помладиот и едно од луѓето блиски до семејството Трамп, упати необично барање до донатор на Трамп додека се подготвуваше за
Go toTop