Официјалните лица на ЕУ ги осудија нападите на Хамас, му дадоа поддршка на Израел

October 7, 2023
1 min read

БРИСЕЛ (АА) – Европската унија (ЕУ) ги осуди последните напади на палестинската група за отпор Хамас врз Израел и повика на итен прекин на насилствата, пренесува Анадолу.

„Длабоко сме загрижени од развојот на настаните во Израел. Во потполност ги осудуваме акциите што ги изведе Хамас“, изјави Жосеп Борел, високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност.

Тој истакна на потребата за итно запирање на тековните насилства, потенцирајќи дека тероризмот и насилството не се решение.

Борел исто така ја потврди непоколебливата солидарност на ЕУ со Израел во овие предизвикувачки времиња.

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, исто така се огласи на платформата Х, осудувајќи го нападот врз Израел.

„Недвосмислено го осудувам нападот што терористите на Хамас го изведоа врз Израел. Тоа е тероризам во својот најодвратен облик. Израел има право да се брани од такви гнасни напади“, напиша Фон дер Лајен.

Британскиот премиер Риши Сунак рече дека е „шокиран од утринските напади на терористите на Хамас врз израелските граѓани“.

„Израел има апсолутно право да се брани. Во контакт сме со израелските власти, а британските државјани во Израел треба да ги следат советите за патување“, истакна Сунак.

Бритнскиот министер за надворешни работи, Џејмс Клеверли, исто така се приклучи кон осудите, велејќи дека „Велика Британија недвосмислено ги осудува нападите на Хамас врз израелските цивили.“

„Велика Британија секогаш ќе го поддржува правото на Израел да се брани“, рече Клеверли.

И германската министерка за надворешни работи, Аналена Баербок ги осуди нападите врз Газа, велејќи дека Израел „ја има нашата полна солидарност.“

Франција ја повтори потполната поддршка за Израел, а француското МНР „најостро ги осуди терористичките напади врз Израел и неговото население.“

Високиот комесар на ОН за човекови права, Волкер Турк, изрази загриженост поради ситуацијата во Израел и Газа.

„Шокиран сум и згрозен од утринските извештаи дека палестинската вооружена група исфрлила стотици, можеби и илјадници неселективни ракети кон Израел, при што најмалку 22 Израелци се убиени, а стотици се повредени“, порача Турк.

Бригадата Изедин Касам, военото крило на Хамас, рано утринава објави дека ја започнала операција „Aqsa Flood“ против Израел и извршила ракетни напади врз Израел од блокираниот Појас Газа, соопштувајќи дека вооружени групи влегле во населбите во регионот.

Најмалку 22 Израелци загинаа, а над 70 се ранети во нападите што Бригадата Изедин Касам, военото крило на Хамас, ги изведоа врз Израел ова утро од блокираниот Појасот Газа.

WAFA објави дека најмалку 4 Палестинци се убиени, а петмина се ранети во судирите меѓу израелската војска и палестинските групи во пограничното подрачје на Појасот Газа.

Израел возврати со напади на десетици израелски борбени авиони кои погодија 21 позиција на Хамас во Газа, соопшти израелската војска.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Нашата земја има речиси најнизок ДДВ во Европа, непортебно се шири хистерија и лажни вести за поскапувања на одредени продукти, вели Ковачевски

Следно

Во Србија оддадена почит на 1.300 Македонци од Вардарскиот полк загинати во Првата светска војна на Костолачка Коса

Latest from Blog

Фото: Најбараната манекенка има ново момче? Тој е 18 години постар од неа

Познатата манекенка од кланот Кардашијан – Џенер, атрактивната Кендал е една од омилените членови на семејството Кардашијан Џенер, веројатно поради нејзиниот пристап кон животот и работата. 30- годишната Кенедел, за разлика од

Видео: Принцезата Леонор од Шпанија го направи првиот независен воен лет

Принцезата Леонор од Шпанија го направи својот прв самостоен лет како дел од воената обука на Општата авијациска и вселенска академија (AGA) во Сан Хавиер, каде што веќе четири месеци е на теоретска и практична обука

Арсенал со минималец се врати на врвот

фото: Arsenal (X) Арсенал оствари нова победа во Премиер Лигата со 0:1 против екипата на Евертон во вечерашниот натпревар кој се одигра на „Гудисон Парк“. Со оваа победа „топџиите“ повторно го завзедоа

УХМР: Следната недела снег во Македонија

Стабилното и тивко време ќе продолжи до вторник, при што маглата ќе се задржува во котлините, проследена со зголемена облачност. Од вторник навечер се очекува промена на временските услови, со повремени локални
Go toTop