ОЕЦД: Хрватска втора по смртност од рак во ЕУ

February 2, 2023
1 min read

Во 2019 година, во Хрватска се регистрирани 311 смртни случаи од рак на 100.000 жители, 25 отсто повеќе од просекот во ЕУ. Полошо е само во соседна Унгарија, јави Хина.

Најчести причини за смртност од рак кај мажите во 2019 година биле ракот на белите дробови, вклучително и душникот (2.013 смртни случаи), дебелото црево (1.264) и простатата (809). Кај жените, најчести причини биле ракот на белите дробови (870 смртни случаи), рак на дебелото црево (839) и рак на дојката (757).

Проценетата инциденца на рак во Хрватска е приближно еднаква на просекот на ЕУ, но Хрватите учествуваат многу помалку од просекот на Унијата во програмите за рано откривање на рак на дојка, грлото на матката и дебелото црево. Жителите во руралните области и оние со понизок степен на образование и приходи реагираат поретко, велат од ОЕЦД.

Во извештајот се наведува и дека Хрватска има повисока стапка на лица со прекумерна тежина од која било друга земја-членка на ЕУ и е на самиот врв според процентот на пушачи.

Пушењето, прекумерната тежина и дебелината и загадениот воздух се повисок ризик фактори за рак во Хрватска отколку во другите земји-членки на ЕУ.

„Квалитетот на лекувањето на ракот во Хрватска е понизок отколку во другите земји-членки на ЕУ. ИХМЕ проценува дека во 2019 година од рак се изгубени 282.113 години живот или 6.641 на 100.000 жители, 15 отсто повеќе од просекот на ЕУ од 5.717 во истата година“.

Во исто време, вкупните трошоци за лекување на рак се за 11 отсто повисоки од просекот во блокот.

Во извештајот се предупредува дека „недостигот на здравствени работници и медицинска опрема го ограничуваат пристапот до третман на рак“ во Хрватска. (МИА)

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Чувар на фирма пронајден со повреди од физички напад

Следно

ЗНМ и СЕММ: Државните функционери повторно во напад кон новинарите – ваквото однесување мора да престане

Latest from Blog

Божиновска: „Македонски рубин“ добива заштита, контрола и систем за препознатливост

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ја заокружува клучната институционална фаза од процесот на заштита и афирмација на „Македонски рубин“ – од иницијативата покрената во 2025 година, преку изработка на Елаборат

Тоневски: Мала Богородица е празник кој со посебна почит се одбележува во Лесново

Градоначалникот на Општина Пробиштип, Тони Тоневски, упати честитка по повод празникот Рождество на Пресвета Богородица – Мала Богородица, кој со посебна почит и традиција се одбележува во Лесново. Во рамки на празничните

Коњановски: Новата еко училница е пример како училиштата можат да создаваат поинаква средина за учење

Земјоделското училиште „Кузман Шапкарев“ денес го претстави успешно реализираниот проект „Зелена еко училница“, проект поддржан преку програмата „Апшифт“ за подобрување на училишната средина, а реализиран од колективот и учениците. Градоначалникот на Битола
Go toTop