Одрон од карпа на патот Скопје-Велес

January 8, 2026
1 min read

Одрон од карпа на патот Скопје-Велес, во прекин дел од патните правци во крушевско, забрана за товарни возила на патот Струга-Ќафасан соопшти МВР.

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека во 17:35 часот пријавено е дека на автопат Скопје– Велес, после тунелот „Бадар“ има одрон од карпа, која ги има зафатено двете ленти. Сообраќајот не е во застој. На лице место има полициски службеници и екипа од Македонија пат.

Од 18:05 часот поради излевање на Црна река од своето корито кај с.Бучин, крушевско имаме прекин на патениот сообраќај на локалните патни правци од с.Бучин – Д.Хисар,с.Бучин према с.Обршани и с.Бучин према с.Трноци.

Исто така, ве известуваме дека од 18:15 воведена е забрана за движење на товарни возила на патениот правец Струга-Ќафасан.

Воедно, информираме дека од 18:30 часот патниот правец Пробиштип-Леговец поради сообраќајна незгода и вршење на увид е затворен за сообраќај во двата правци.

Министерството за внатрешни работи преземаа соодветни активности за отстранување на сите пречки за воспоставување и нормализирање на сообраќајот.
Апелираме до граѓаните да се почитуваат сообраќајните правила и прописи, задолжително поседување на пропишаната зимска опрема и почитување за поставената сигнализација.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Голомразица во Пробиштип – Екипите интервенираат на терен

Следно

Дарен Флечер: Направивме повеќе од доволно за да победиме

Latest from Blog

Комерцијална банка доминираше со промет – неделата 06–09.04 со 114,01 милиони денари вкупен промет

Изготвен од Илирика Инвестментs АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Во периодот 06.04.2026 – 09.04.2026, на Македонска берза беа реализирани 459 трансакции со вкупен промет од 114.007.808 денари

ПРОДОЛЖУВА СУДЕЊЕТО НА НЕТАНЈАХУ ЗА КОРУПЦИЈА! Војните како спас од судска пресуда

Долготрајното судење за корупција на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ќе продолжи во недела, изјави портпаролот на судството во четврток, неколку часа откако Израел ја укина вонредната состојба воведена поради војната против Иран.

Николоски: Инфраструктурата е основа за развој – Коридорите 8 и 10 како приоритет за економската и безбедносна стабилност на државата

Вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски, изјави дека Македонија треба да се приклучи на иницијативата на САД „Три мориња“ поради геостратешкиот интерес на државата. Тој нагласи дека Коридорите 8
Go toTop