„Одлуката на Антикорупционерите е скандалозна“ – Филипче: За дипломата на Христовски да се вклучат МОН и Инспекциски совет

December 25, 2024
1 min read

СДСМ е незадоволна од одлуката на Антикорупциската комисија која не пронајде ништо спорно во назначувањето на Бојан Христовски за директор на Агенцијата за национална безбедност. Антикорупционерите истакнаа дека документацијата на Христовски била уредна, без да проверат дали е автентична, иако опозиционерите го спореа неговиот сертификат за англиски јазик и факултетската диплома.

„Сметаме дека е апсолутно недозволиво и скандалозно да се донесе една таква одлука дека се ненадлежни.“, порача Венко Филипче.

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче негодуваше и за анализите и одлуките на Државниот просветен инспекторат на кои се повикува Антикорупциската комисија во однос на дипломата на Христовски. Според извршениот надзор, приватниот универзитет законски и без никакви неправилности ја издал дипломата на директорот на АНБ.

„Сите ги видовме дипломите на директорот на АНБ. Малите деца од основно училиште видоа дека факултет е завршен за една година. Недозволиво е да помине таква одлука врз основа на некаква анализа направена од инспектори од Државниот просветен инспекторат.“, вели Венко Филипче.

Филипче ги повика директно да интервенираат министерката за образование Весна Јаневска, како и Инспекцискиот совет, за да утврдат дали се исправни анализите на Просветниот инспекторат. Од Министерството за образование велат дека Јаневска нема такви ингеренции.

„Следна инстанца, односно повисок орган е Инспекцискиот совет. Така што, МОН упатува, доколку некој е незадоволен и се сомнева во исправноста на постапката и одлуката на Државниот просветен инспекторат, претставка да достави до Инспекцискиот совет.“, велат од МОН.

Од Инспекцискиот совет за ТВ21 велат дека тие постапуваат по секоја претставка што кај нив ќе пристигне, па дури ако има потреба и по допрен глас. Сепак, неофицијално, во случајов им се потребни повеќе детали, односно да знаат која конкретна одлука на Државниот просветен инспекторат се оспорува и во кој дел.  

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ова се 10-те еколошки блокбастери кои го обликуваа начинот на кој ја гледаме планетата

Следно

Јавно извинување до Христијан Мицкоски

Latest from Blog

Стуб до Трамп: Се формира „поевропско НАТО“ во кое Европа презема одговорност

Разговорот се одржал истиот ден кога Трамп за Ројтерс изјави дека размислува за повлекување на САД од НАТО. Стуб, на социјалните мрежи, го опиша разговорот како конструктивен. – Конструктивна дискусија и размена

Следува промена на времето со врнежи од дожд и снег

Промена на времето со врнежи од дожд и снег на повисоките места најавуваат метеоролозите поради засилена циклонска активност. Според прогнозата на Управа за хидрометеоролошки работи, врнежите локално ќе бидат пообилни и на места

Филипче со писма до ЕУ за политиките на Мицкоски

Се продлабочува судирот меѓу власта и опозицијата околу евроинтеграцијата на Македонија, во услови на повеќемесечен застој на процесот за приближување кон Европската Унија. Власта и опозицијата меѓусебно се обвинуваат за предавство на
Go toTop