Одлука на Владата: На 29 ноември администрацијата и училиштата во Скопје да работат до пладне, а 30 ноември за нив да биде неработен ден   

November 14, 2023
1 min read

Овие заклучоци не се однесуваат на детските градинки и здравствените установи на подрачјето на град Скопје – кои е потребно да изработат сопствени планови за работењето, со цел непречено функционирање, информираат од Владата

Денешната седница на Владата на РСМ / ФОТО: Влада на РСМ

На 29 ноември, државната и јавната администрација, на подрачјето на Град Скопје, ќе работи до 12 часот, а 30 ноември за нив ќе биде неработен ден. Оваа одлука, за редуцирано работно време, Владата ја донесе на денешната седница, а која е на предлог на Министерството за надворешни работи (МНР). Овој предлог на МНР, е поради 30-тиот министерски состанок на ОБСЕ, којшто ќе се одржи на 30 ноември и 1 декември 2023 година во Скопје.

„Овие заклучоци се однесуваат и на основните и средните училишта на подрачјето на град Скопје, а не се однесуваат на детските градинки и здравствените установи на подрачјето на град Скопје – коишто е потребно да изработат сопствени планови за работењето, со цел непречено функционирање“,

се наведува во соопштението од владината прес-служба.

Од Владата упатуваат препорака до општините во градот Скопје и на Град Скопје да ги спроведат заклучоците за редуцираното работно време.

Оваа препорака, се додава во соопштението, се однесува и на приватниот сектор на подрачјето на градот Скопје, посебно од подрачјето на Општината Карпош и на општините кои гравитираат кон Спортскиот центар „Борис Трајковски“ и хотелот „Александар Палас“.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Утврден Предлог-Буџетот за 2024 година од страна на Владата

Следно

Почина индискиот магнат Субрата Рој, кого Груевски го најави како инвеститор во Македонија

Latest from Blog

Стотици муслимани упаднаа во христијански град во Сирија и направија пустош (ВИДЕО)

Нападите во претежно христијанскиот град Сукајлабија во покраината Хама се најновите во серијата напади насочени кон припадници на христијанското малцинство во Сирија. Многу христијани ја напуштија земјата од почетокот на конфликтот пред
Go toTop