Одлучувачкото дерби на сезоната во Серија А ќе го суди Мареска

February 1, 2024
1 min read

Фабио Мареска е официјално одбран за главен судија на Дерби д’Италија в недела, што истовремено ќе биде и одлучувачко дерби за титулата сезонава.

Лидерот Интер в недела од 20:45 на „Џузепе Меаца“ стадионот во Милано ќе го пречека предизвикувачот Јувентус во она што за Италијанците е најдолемо дерби на Чизмата.

За оваа прилика тешката задача да ја дели правдата ја доби Фабио Мареска, 42-годишниот пожарникар од Неапол.

Ќе му помагаат Алесандро Џалатини и Чиро Карбоне, со Даниеле Довери како четврти судија.

Во ВАР собата, задолжен за корекција на спорните ситуации, ќе седи Масимилиано Ирати, со Алеандро Ди Паоло како негов помошник.

Неделниот натпревар за мнозинството е пресметка на сезоната во Серија А, бидејќи Интер води на табелата пред Јувентус со само еден бод, но има и натпревар помалку.

Мареска сезонава им судеше и на „Нераѕурите“ и на „Бјанконерите“. Интер со него има две победи и тоа 1:0 дома против Рома и 2:0 на гости кај Лацио. На Јуве му судеше само во 3:1 победата над Лацио.

Овој натпревар може да се покаже решавачки за крајниот изглед на табелата. Интер со евентуална победа значително би се одлепил на +4, со шанса и за поголема разлика ако победи и на одложениот натпревар. За Јуве евентуалната победа среде Милано не би била само сладок триумф над лутиот ривал, туку и избивање на првото место со два бода предност и надеж дека Интер потоа ќе киксне. Реми би ја оставило табелата на статус кво.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Се преврте автомобил кај Соборниот храм

Следно

Лидија Вукичевиќ покажа како навистина изгледа: Без филтри ја истакна природната убавина

Latest from Blog

Израелски војници приведоа екипа на CNN, која известувала за нападот врз Палестинците (ВИДЕО)

Но, наместо да ги притворат доселениците или да ја отстранат нелегалната населба, војниците се свртеа кон палестинските жители на селото Тајасир и тимот на CNN кој известуваше за упадот, пишува CNN. „Стоп!

Манасиевски: Филипче по насока на ПР шефот Башановиќ спремил програма на СДС, како да не беа до пред 2 години власт

Членот на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, на денешната прес-конференција упати остри критики кон новата програмска понуда на СДСМ и поранешниот министер за здравство Венко Филипче. „Да не беше смешно, ќе

Муцунски: Со техничката влада во Софија не можеме да преговараме

Шефот на македонската дипломатија, Тимчо Муцунски во вечерашното гостување во „Топ тема“ на телевизијата Телма рече дека имало иницијативи за состанок меѓу него, олеснувачи во меѓународните односи и тогашниот колега од бугарска
Go toTop