Одложено судењето за кучето Феликс, од „Анима Мунди“ бараат зголемување на санкциите за мачење и убивање на животни

February 26, 2025
1 min read

Во Основниот Кривичен суд Скопје денеска се одложи судењето за кучето Феликс кое поради тешки повреди нанесени од двајца соизвршители почина на 7 јануари. Во меѓувреме пред судот има собир на граѓани „За Феликс. За животните. За правна држава. За правда!“.

Судењето се одложи бидејќи еден од обвинетите и неговата одбрана го немаат примено обвинителниот предлог, ниту пак решението за одлука за предложената мерка за обезбедување присуство. Обвинетите Љубе Крстевски и Бранко Билбиловски се товарат за убивање и мачење животни“, Член 233 став 1 од Кривичниот законик кој гласи „тој што ќе усмрти животно без оправдана причина или грубо го злоупотребува или го изложува на непотребни маки или му нанесува непотребни болки или заради изживување го изложува на страдање, ќе се казни со парична казна или со затвор до три години”.

Од Здружението „Анима Мунди“ побараа зголемување на санкциите предвидени со член 233 (Убивање и мачење на животни) особено по правно лице, и воведување на нови, квалификувани форми на извршување на ова дело. -На денот кога започнува судскиот процес по кривичната пријавата која ја поднесовме против лицата кои најсурово, со метална шипка и над 10 удари осакатија мирно бездомно куче (Феликс) кое по неполни два месеци умре во агонија, тука сме пред Кривичниот суд зошто бараме најстроги казни. Нема да дозволиме неговата смрт да се заборави, премолчи и помине неказнето. Тука сме зошто бараме одговорност и затворски казни за сторителот и соучесниците, изјави Столе Велковски од „Анима Мунди“.

Воедно, како што дополни, на овој ден поднесуваат Иницијатива за измена и дополна на Кривичниот закон до Владата, премиерот Христијан Мицкоски, министерот за правда Игор Филков и министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, со внесување на нови прецизно дефинирани категории – нови квалификувани форми на кривично дело мачење на животни.

-Покрај зголемување на казните, бараме воведување на посебни кривични дела и тоа борби со животни, напуштање на животни и воведување на засебна безбедносна мерка – забрана за чување и стекнување животни, која може да се изрече за најтешки случаи на злоупотреба на животни кога околностите на извршувањето упатуваат на опасност од повторување на кривично дело, дополни Велковски.

Како што информираше, во последните 10 дена добиле бројни пријави за екстремна суровост кон животни, кои вклучуваат исцрпен коњ принуден да влече товар и колабирал на улица, застрелана мачка закачена на возило како трофеј, куче со скршен череп кое умирало без никаква полициска интервенција, обесено куче кое служи за вежбање на друго куче, два обесени волци, и борби со кучиња кои се промовираат и одржуваат онлајн и во урбани средини.

-Дополнително, напуштени миленици завршуваат труени, тепани и умираат на улица, што го влошува проблемот со прекубројноста на бездомните животни и ја загрозува безбедноста на населението, рече тој.

Процесот го води судијката Лидија Петровска, а застапник на обвинението е јавниот обвинител Зоран Здравев. Судењето е одложено за 13 март.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Во Битола пронајдени поголем број неексплодирани гранати

Следно

Прекрасна глетка на Њујорк при зајдисонце

Latest from Blog

Рубио откри дека се уште се утврдува местото за преговори со Иран- Турција и дефинитивно отпаѓа

Рубио, исто така, на прес-конференција изјави дека иранската влада претходно се согласила на формат за состанокот во петок во Турција, но се чини дека се предомислила, објави Ројтерс. Рубио додаде дека специјалниот

Состанок во Влада за Реформската агенда: Фокус на конкретни чекори за унапредување на институционалната ефикасност и владеењето на правото

Во Владата вечерва се одржал состанок за Реформската агенда, информира премиерот Христијан Мицкоски. -Вечерва одржавме состанок посветен на реформската агенда, со фокус на конкретни чекори за унапредување на институционалната ефикасност, владеењето на

Директорот на Идризово: Има изживување, силување, но и љубов меѓу затворениците

Гостин во „Претрес со Ландов” е генерал мајор Зоран Јовановски-Челик, директор на КПУ Идризово.Тој отворено говори за лошите услови во затворот, иако има подобрување. Како Управа од властите овие 3 години бараат

(ВИДЕО) Омерагиќ: ФФМ инвестира во модерен фудбалски амбиент: Националната арена доби LED екран од 210 метри

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) ја реализираше својата најнова инвестиција – сопствен ЛЕД екран долг 210 метри, со цел подобрување на искуството за публиката, зголемена видливост за партнерите и создавање дигитален фудбалски
Go toTop