Oдложени разговорите меѓу Иран и САД за нуклеарната програма закажани за 3 мај

May 1, 2025
1 min read

ТЕХЕРАН (АА) – Одложена е четвртата рунда нуклеарни преговори меѓу Иран и САД, кои требаше да се одржат на 3 мај во Рим, Италија со посредство на Оман, известува Анадолу.

Министерот за надворешни работи на Оман, Бадр ал-Бусаиди, кој посредува во разговорите, во соопштението на својот профил на социјалната мрежа X наведе дека одлуката за одложување е донесена од „логистички причини“.

„Ја презакажавме средбата САД-Иран закажана за сабота, 3 мај, од логистички причини. Новиот датум ќе биде објавен откако ќе се постигне договор меѓу страните“, наведе Бусаиди.

– Преговарачкиот процес меѓу Иран и САД

Американскиот претседател Доналд Трамп, кој еднострано ја повлече својата земја од нуклеарниот договор со Иран во 2018 година, во март испрати писмо до иранскиот лидер, ајатолахот Али Хамнеи, во кое повика на директни нуклеарни преговори со Иран.

Во писмото, во кое имало и закани, Иран одговори преку Оман, најавувајќи дека нема директно да преговараат под закани и притисок и дека се подготвени само за индиректни разговори.

Американскиот претседател Трамп, пак, на 7 април во Белата куќа на средбата со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, по кого Меѓународниот кривичен суд издаде налог за приведување за злосторства против човештвото, најави дека ќе има „директни“ разговори меѓу Иран и САД.

Трамп наведе дека „доколку не се постигне договор, Иран ќе биде во голема опасност“.

Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Еракчи, истиот ден изјави дека разговорите меѓу Иран и САД ќе се одржат „индиректно“ во Оман. Техеран и Вашингтон одржаа индиректни разговори, прво во Оман на 12 април, потоа во Рим и повторно во Оман, со една недела разлика.

И Иран и САД објавија напредок во преговорите.

Страните се согласија дека четвртата рунда преговори ќе се одржи во Рим на 3 мај.

Во преговорите иранската делегација ја предводи министерот за надворешни работи Еракчи, додека специјалниот претставник на Трамп за Блискиот Исток, Стив Виткоф, ги претставува САД.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Денот на Европа ќе се одбележи со солидарност! Сите заедно ќе трчаме за Кочани

Следно

Хулен Лопетеги е нов селектор на Катар

Latest from Blog

Ормускaтa Tеснина останува отворена за сите освен за бродови поврзани со непријателите, тврди ирански претставник

Американскиот претседател Доналд Трамп се закани дека ќе ги нападне иранските електрани ако пловниот пат не биде целосно отворен во рок од 48 часа. Заканата од ирански напади за време на американско-израелската

Манасиевски: Дали Башановиќ бил посредник за матни бизнис зделки во енергетиката и промената на името на државата кое Заев и Филипче го спроведоа?

На денешната прек конференција Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ упати неколку прашања кој СДСМ, тој паташа: „СДС да одговори, дали нивниот ПР шеф Башановиќ бил посредник за матни бизнис зделки

Николоски најави – Штип ќе стане туристички центар со ново вештачко езеро

Штип и источниот дел на Македонија ќе добијат прво туристичко вештачко езеро, кое се очекува да биде завршено до 2027 година, пред предвидениот рок, истакна Александар Николоски. Изградбата на браната на реката

Спалети: Ни недостасува зрелост во играта

Екипата на Јувентус синоќа направи нок кикс во домашниот Серија А шампионат, откако одигра на домашен терен само 1:1, против екипата на Сасуоло. Иако поведе на време уште во 14. минута преку
Go toTop