Одлични 0:0 на Струга ТЛ во Вилнус против Жалгирис

July 11, 2023
1 min read

Македонскиот фудбалски шампион Струга ТЛ има одличен резултат 0:0 од гостувањето во Вилнус, во првиот натпревар од 1. квалификациско коло во ЛШ против Жалгирис.

Меч во кој на бранови играа и едните и другите, и двата тима со добри шанси, но без реализација, а се чини стружани на крајот може да жалат затоа што Валентин Кочовски во 86. минута од добра позиција не упати удар каков што посакуваше.

Избраниците на Шпетим Дуро целосно ја неутрализираа играта на противникот, кој имаше четиро добри шанси, но не го најде патот до голот, а Струга преку Шабани и Кочовски можеше да дојде и до подобар резултат. Но, и овие 0-0 се одлични пред реваншот во Охрид, во кој Струга ќе има шанси во Македонија да го донесе славниот Галатасарај.

Првиот дел имаше „нишалка“ кога станува збор за играта. Ако почетокот на мечот му припадна на струшкиот тим, потоа Жалгирис ја презеде иницијативата, за во финишот да имаме израмнета позиција и на двата тима. Струга ТЛ одлично почна, се обиде да го изненади противникот со иницијатива, но без посериозна шанса, освен неколку уфрлања пред голот на Гертмонас.

Меѓутоа кога Жалгирис се ослободи од притисокот, почна да игра, се случи и најголемата шанса, во 16. минута преку Хинд кој со глава се обиде прецизно, меѓутоа од гол линијата одличен беше Ќосевски. Во 36. минута најсериозната шанса ја имаше Буњамин Шабани, кој по проигрување од Ибраими успеа да упати удар, но и Гертмонас да одбрани. Без голови се замина на пауза меѓу двете полувремиња.

Одличен старт имаше Жалгирис и шанса на Ојевуси во 48. минута, но и одлична интервенција на Ќосевски. Откако почетокот на  вториот дел ја имаше иницијативата литванскиот тим, Струга ТЛ потоа воспостави рамнотежа. Дури имаше и неколку опасни ситуации, но избраницие на Шпетим Дуро грешеа во последното, завршно додавање, па не дојдоа до можност да го загрозат голот на Гертмонас.

На другата страна, пак, Жалгирис настојуваше да дојде до гол, а шанса имаше и Вилхјалмсон, меѓутоа ударот заврши за малку над голот.

Најдобрата шанса на Струга ТЛ можеби и на натпреварот ја имаше Валентин Кочовски. Во 86. минута доби топка од Шабани, беше осамен одкосо од лево, меѓутоа неговиот удар беше лош, и само крај голот. Казната можеше да стигне во 91. минута откако Бопесу шутираше одлично, но само за малку крај голот во надворешниот дел од мрежата на Ќосевски, па овојпат и Жалгирис „прокоцка“ победа на овој меч.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Аферата „Ботови“ ја тресе Србија: Што е познато досега

Следно

Македонија ќе биде „земја во фокус“ на јубилејниот 30. Фестивал на европскиот филм Палиќ

Latest from Blog

Николоски: Со сложени зафати го решаваме најтешкиот дел од автопатот Охрид–Кичево

Со примена на сложени инженерски решенија кои за првпат се користат во регионот, ќе се доизгради автопатот Охрид–Кичево, најави Александар Николоски. Тој истакна дека се решаваат вкупно 16 косини, од кои на

Потенцијално нови наоди: Пронајден досега непознат влез во најмалата пирамида во Гиза

И илјадници години откако биле изградени, се чини, пирамидите во Гиза сè уште чуваат тајни. Нагласката на најновото истражување е кај Менкауровата пирамида – најмалото од трите зданија, кај коешто тим научници

Гоце Седлоски нов селектор на фудбалската репрезентација на Македонија

Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) на денешната седница донесе одлука за избор на нов селектор на македонската А репрезентација. За нов селектор е именуван Гоце Седлоски. Членовите на највисокото

Коњановски: Без силни младински политики нема развој на локалните заедници

Во Битола денеска се одржа четвртата средба на Регионалната платформа за млади, на која учествуваа граѓански организации и градоначалници од Пелагонискиот регион. На настанот се обратија претседателката на Про Локал Емилиа Ѓероска,
Go toTop