Одбележан јубилеј – 30 години присуство на УНХЦР во Република Македонија

December 12, 2024
2 mins read

Денес, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија и УНХЦР – Агенцијата на ОН за бегалци, заеднички ја одбележаа 30-годишнината од присуството на УНХЦР во Република Македонија, кое во изминатите децении помогна на стотици илјади баратели на азил, бегалци и лица без државјанство.

Овој значаен јубилеј се одбележa со свечено отворање од министерот Тимчо Муцунски, на кој присуствуваше претседателката на државата, Гордана Силјановска Давкова, високи државни и меѓународни претставници, вклучувајќи го заменик-министерот за внатрешни работи, Астрит Исени, заменик-министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски, регионалниот директор на УНХЦР за Европа, Филип Леклер, претставникот на УНХЦР, Габриел Гуалано Де Годој, резидентниот координатор на ОН, Рита Колумбија, амбасадори, како и партнери од граѓанското општество, академската заедница, приватниот сектор и други регионални и меѓународни организации.

Настанот се организира во чест на тридецениската блиска соработка помеѓу УНХЦР и Владата на нашата земја, што ја одразува заедничката посветеност кон заштита на бегалците, поддршка на лицата без државјанство и промоција на човековите права и инклузивност. Во рамки на церемонијата беше претставен комеморативен поштенски жиг кој го симболизира хуманитарниот придонес на Северна Македонија, кој заедно со напорите на УНХЦР, претставува доказ за лидерството и посветеноста на нашата земја кон меѓународните хуманитарни вредности.

-УНХЦР е горд што активно ги поддржува напорите на Северна Македонија за заштита на бегалците и другите лица кои имаат потреба од меѓународна заштита. Во изминатите три децении, нашата соработка помогна да се заштитат правата и достоинството на многу луѓе и одигра клучна улога во спречување на повторна појава на лица без државјанство во земјата. Подготвени сме за понатамошна соработка за зајакнување на системот за азил, подобрување на политиките за локална интеграција на барателите на азил и бегалците, како и за усвојување на постапка за утврдување на статус на лицата без државјанство. Ова трајно партнерство е доказ за нашата заедничка посветеност на хуманитарните вредности и ја истакнува Северна Македонија како пример за регионот и светот, изјави Филип Леклер, регионален директор на УНХЦР за Европа.

-Додека се навраќаме на изминатите 30 години, ги славиме постигнувањтаа овозможени преку нашето цврсто партнерство. Нашата соработка со УНХЦР беше тестирана преку бројни предизвици. Заедно работевме на зачувување на човековите права, хуманоста и достоинството, како и солидарноста, нудејќи заштита, помош и надеж за илјадници бегалци, баратели на азил и раселени лица.

Активно сме ангажирани во напорите за поддршка на бегалците и раселените лица преку зајакнување на системот за азил, развој и поддршка на програми за интеграција, обезбедување пристап до основни услуги како образование и здравствена заштита, и создавање услови бегалците да ги обноват своите животи со достоинство.

Демонстриравме отпорност и прилагодливост во усогласувањето на националните политики со принципите на хуманитарното право. Од земја која во минатото имаше потреба од значителна поддршка од меѓународната заедница, денес станавме пример за земја која дава поддршка, истакна министерот Муцунски во обраќањето.

На церемонијата беа презентирани говори и сведоштва од лица кои имаат бенефит од поддршката на УНХЦР низ годините, истакнувајќи го не само влијанието на присуството на агенцијата, туку и проактивната улога на Северна Македонија во зачувување на глобалните принципи на инклузија и заштита. Овие сведоштва ја нагласуваат длабоката и позитивна улога на нашите заеднички напори во поттикнување на попријатна и поддржувачка средина за оние на кои им е потребна помош.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Милошоски: Измените на Законот за јавни набавки е со цел зголемување на ефикасноста и подобрување на правната заштита за компаниите

Следно

Македонската кујна го зазеде 47 место во светот

Latest from Blog

Доаѓа месецот на страста: Астролозите откриваат кој хороскопски знак го чека свршувачка, кој селидба, а кој конечен крај во февруари

Љубовниот хороскоп за февруари носи судбоносни промени за сите хороскопски знаци без исклучок. Водолија и Лав донесуваат ненадејни одлуки за брак или раскинување на почетокот на овој непостојан месец. Ова не е

Вест Хем се пофали и со Адама Траоре

Во обидот да одигра што подобра пролетна полусезона, тимот на Вест Хем одлучи зимава да се засили во навалните редови на најдобар можен начин. По промоцијата на Тами Абрахам, сега на ред

Никогаш нема да ви признаат: Мажите ги мразат овие 3 работи во кревет, а бројот 3 особено не им се допаѓа

Дали некогаш сте се запрашале кои работи вашиот партнер не ги сака во креветот? Колку и да мислите дека сè што правите во креветот му годи на вашиот партнер, постојат одредени работи

Николоски на средба со Лука Буриловиќ, претседател на Стопанската Комора на Хрватска

Транспортниот сектор ја има клучната улога во развојот на регионалната економија и секое ограничување на работењето на превозниците ќе има негативно влијание врз целиот регион во Западен Блакан, потенцира вицепремиерот Александар Николоски,
Go toTop