Одбележан 100-годишниот јубилеј на црквата „Света Петка” во Црниче

September 29, 2024
1 min read

Со Божествена литургија, со која чиноначалствуваше Архиепископот Oхридски и Mакедонски г.г. Стефан и македонското свештенство, денеска се одбележа еден век од осветувањето на црквата „Света Петка“ во скопската населба Црниче, која неодамна беше реновирана.

На прослaвата присуствуваа и министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и градоначалникот на Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски кој, како што соопшти општинската прес-служба, порача дека храмот на одбележувањето на стогодишнината е реконструиран, партерно уреден и со освежена фасада.

Општина Кисела Вода

– Секогаш, колку што се моите можности ќе помагам и ќе се залагам за нашите македонски храмови, бидејќи токму во нив е мирот и сплотеноста на нашиот народ, рече Ѓорѓиевски.

Камен темелникот за храмот е поставен во 1904 година и како што посочи Ѓорѓиевски овој прекрасен Божји дом бил изграден за 20 години.

Општина Кисела Вода

– Постои камен плоча на која може да се прочита дека храмот бил довршен и осветен на 3 септември 1923 година. Живописот и иконописот му биле доверени на последниот и најдобар зограф на тоа време Димитар Андонов Папрадишки. Во 1924 година, комплетно го завршил зографирањето и иконографијата на храмот. Црквата е молитвен дом на многу православни христијани кои преку верата во Бога и молитвите на Света Петка добиваат исцеление на многу душевни и телесни болести. Денес, 100 години подоцна, сведочиме на еден прекрасен јубилеј. Нека е за многу години и нека таму, во Божјите храмови се шири љубов и сплотува нашиот народ, изјави Ѓорѓиевски.

Општина Кисела Вода

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Трипуновски: Оваа година ќе имаме богата жетва и зголемен принос на ориз

Следно

ФОТО: Се ожени Буфон

Latest from Blog

Израелски војници приведоа екипа на CNN, која известувала за нападот врз Палестинците (ВИДЕО)

Но, наместо да ги притворат доселениците или да ја отстранат нелегалната населба, војниците се свртеа кон палестинските жители на селото Тајасир и тимот на CNN кој известуваше за упадот, пишува CNN. „Стоп!

Манасиевски: Филипче по насока на ПР шефот Башановиќ спремил програма на СДС, како да не беа до пред 2 години власт

Членот на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, на денешната прес-конференција упати остри критики кон новата програмска понуда на СДСМ и поранешниот министер за здравство Венко Филипче. „Да не беше смешно, ќе

Муцунски: Со техничката влада во Софија не можеме да преговараме

Шефот на македонската дипломатија, Тимчо Муцунски во вечерашното гостување во „Топ тема“ на телевизијата Телма рече дека имало иницијативи за состанок меѓу него, олеснувачи во меѓународните односи и тогашниот колега од бугарска
Go toTop