Од ЗНАМ велат дека не е вистина дека го барале министерството за одбрана: „Во Куманово ќе одиме со наш кандидат“

April 6, 2025
1 min read

Движењето ЗНАМ – За Наша Македонија ги отфрла информациите дека го побарале ресорот Министерството за одбрана, во рамки на коалициските преговори со ВМРО-ДПМНЕ. Од партијата тврдат дека такви разговори не се водат и дека владината коалиција е стабилна.

„Не е вистина дека го бараме Министерството за одбрана. Владиното мнозинство е стабилно, а сите забелешки и предлози се разгледуваат во рамки на работната група и во координација со премиерот“, велат од ЗНАМ во писмено соопштение до медиумите.

Движењето ЗНАМ најави и настап со свои листи на локалните избори, додека за кандидатурите за градоначалници со коалицискиот партнер ќе се договара поединечно, зависно од општината. За Куманово, партијата потврди дека ќе има свој кандидат.

„Во Куманово ќе одиме со наш кандидат за градоначалник. Партиските тела се во финална фаза на одлука кој ќе ја води кандидатската трка“, наведуваат од ЗНАМ.

Од таму додаваат дека ќе настапат транспарентно, со јасна програма и поддршка за реформите, водејќи се од интересот на граѓаните, а не од партиски калкулации.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Земјотрес со јачина од 4,9 степени ја стресе Грција

Следно

Алекс Овечкин го урна рекордот на Вејн Грецки (ВИДЕО)

Latest from Blog

ЈКП Комуналец – Прилеп: Продолжуваат активностите за уредување на јавните површини

Екипите на ЈКП Комуналец Прилеп извршија поправка на оштетените куќарки во паркот кај Основниот суд Прилеп, еден од најпосетените паркови во градот. Станува збор за простор кој важи за едно од омилените

Борче Димитровски: ОУ „Даме Груев“ добива современи спортски игралишта

Со стартот на новата градежна сезона, започна реализацијата на уште еден значаен проект во Битола – изградба на спортски игралишта во дворот на ОУ „Даме Груев“. Како што информираше секретарот на Општина

Хоџа: Продолжуваме со силни инвестиции во Арачиново

Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, и градоначалникот на Арачиново, Даут Беќири, на денешната работна средба го потврдија напредокот на клучните инфраструктурни проекти во општината. Во моментов се активни
Go toTop