Од визија до акција – Божиновска за улогата на жените во енергетиката

February 9, 2026
1 min read

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска се обрати на настан во рамки на проектот ELeVATE, посветен на охрабрување и поддршка на девојки и жени за кариера во Net-Zero технологии, зелена енергија и паметни системи.

Таа истакна дека со сегашното темпо би биле потребни околу 57 години за да се постигне родова еднаквост во сите области, што, како што нагласи, ја покажува итноста од итни и системски мерки. „Не можеме да чекаме со децении за да создадеме еднакви можности. Повеќе жени во секторот е бенефит за сите“, порача Божиновска.

Според неа, организациите со поголемо учество на жени на лидерски позиции бележат околу 20 проценти повисоки перформанси, поголема иновација и профитабилност, како и поголема отпорност во кризни ситуации.

 

Божиновска потенцираше дека поддршката за жените во STEM и енергетиката не е избор, туку инвестиција во иднината на целиот сектор. „Енергетската транзиција ќе биде успешна само ако е инклузивна – жените мора да бидат дел од решението денес“, истакна министерката.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Божиновска алармира: Со вакво темпо, за родова еднаквост ќе ни требаат 57 години – жените во енергетиката ни се потребни денес

Следно

Во Иран се уапсени истакнати реформистички политичари

Latest from Blog

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода, констатирани прекршоци и изречени мерки

На 27/28 март 2026 во периодот од 20:00 часот до 03:00 часот, на подрачјето на општина Карпош и Кисела Вода полициски службеници од СВР Скопје извршија контроли во повеќе угостителски објекти и

Спортски објекти во Прилеп, Битола, Тетово се под лупа на МВР и ЈО, за базенот во Делчево се чека да стигне ревизорскиот извештај

Во врска со Градскиот базен во Делчево, не е постапено од причина што до ОВР Делчево до овој момент не е доставен ревизорскиот извештај. Во однос на другите спортски објекти кои се
Go toTop