Од вчера парното греење е поскапо

March 2, 2025
1 min read

Од 1 март за 5,17 отсто се зголемува цената за потрошувачите на топлинска енергија на ЕСМ Енергетика, а за 5,25 отсто поскапува парното за корисниците на Скопје Север – Енерџи еколинк, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Станува збор за вкупен конзум од 2.500 потрошувачи.

-Кога ја соопштивме цената за најголемиот систем преку кој со парно се снабдуваат над 95 отсто од домаќинства, најавивме дека и овие две компании имаат поднесено барање за корекција на цената. Познато е дека поради комплексните геополитички случувања цената на природниот гас на светските берзи е зголемена, поточно во последниот квартал од минатата година имама раст од 16  отсто што е и главна причина и за оваа одлука, посочи претседателот на РКЕ Марко Бислимоски. 

Овие две компании, додаде, доставија барање за корекција на цената во текот на месец февруари, по што РКЕ изврши соодветни анализи и врз основ на тоа донесе одлуки за корекција на цената за потрошувачите на топлинска енергија за ЕСМ Енергетика и Скопје Север – Енерџи еколинк, која ќе стапи на сила од 1 март. 

Како што информира, РКЕ денеска на главна седница донесе и одлука за издавање на две лиценци за вршење на енергетска дејност за регулирано производство и снабдување со топлинска енергија на Енерџи еколинк АД Скопје, додека постапката за издавање лиценца за дистрибуција е во тек.

-Станува збор за топланата позната во јавност како Скопје Север, која од неодамна ја презема приватен инвеститор и ја отпочна постапката за конечно лиценцирање на компанијата која извршува јавна дејност повеќе од 20 години. РКЕ останува на ставот дека секоја реализација на инвестициите што значи подобрување на квалитетот на снабдување и ширење на мрежа со цел зголемување на конзум е со безрезервна поддршка, посебно што станува збор за еколошки и најекономичен начин на затоплување, што се одразува врз сметките за парно – кои се најниски. Анализите покажуваат дека доколку сите исклучени од парно, повторно се приклучат на системот сметките ќе се намалат за околу 10 отсто, истакна Бислимоски.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Законските измени ќе стават крај на злоупотебите и хаосот со онлајн игрите на среќа

Следно

Две години доцнење – градинката во Теарце сѐ уште не е отворена

Latest from Blog

Николоски: Со сложени зафати го решаваме најтешкиот дел од автопатот Охрид–Кичево

Со примена на сложени инженерски решенија кои за првпат се користат во регионот, ќе се доизгради автопатот Охрид–Кичево, најави Александар Николоски. Тој истакна дека се решаваат вкупно 16 косини, од кои на

Потенцијално нови наоди: Пронајден досега непознат влез во најмалата пирамида во Гиза

И илјадници години откако биле изградени, се чини, пирамидите во Гиза сè уште чуваат тајни. Нагласката на најновото истражување е кај Менкауровата пирамида – најмалото од трите зданија, кај коешто тим научници

Гоце Седлоски нов селектор на фудбалската репрезентација на Македонија

Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) на денешната седница донесе одлука за избор на нов селектор на македонската А репрезентација. За нов селектор е именуван Гоце Седлоски. Членовите на највисокото

Коњановски: Без силни младински политики нема развој на локалните заедници

Во Битола денеска се одржа четвртата средба на Регионалната платформа за млади, на која учествуваа граѓански организации и градоначалници од Пелагонискиот регион. На настанот се обратија претседателката на Про Локал Емилиа Ѓероска,
Go toTop