Од утре редуциран автобуски превоз во Скопје, од Владата децидни- на скопјани им треба брзо решение

September 1, 2024
1 min read

Од утре автобускиот градски превоз во Скопје ќе биде редуциран. Приватните превозници најавуваат дека ќе возат само една линија наутро. На Јавното сообраќајно претпријатие, пак, му недостигаат автобуси за да може да го покрие зимскиот возен ред кој почнува од понеделник.

Од приватните превозници појаснуваат дека ќе биде пуштен само по еден автобус на една линија. Бараат да им биде исплатен долгот и да се зголеми цената која, како што посочуваат, е од пред осум години, поточно од 2017 година.

Од друга страна, на Јавното сообраќајно претпријатие му недостигаат автобуси за да го покрие зимскиот возен ред.

Со цел да се надминат проблемите, на 22 август беше одржана средба на градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска и претставници на советничките групи во Советот на Град Скопје по што беше договорено советниците да поддржат пренамена на средства за репарирање на 30 автобуси на ЈСП.

На 29 август, на седницата на Советот на Град Скопје не добија поддршка проектите за набавка на нови автобуси и Брз автобуски превоз по што градоначалничката на Град Скопје испрати отворено писмо до Владата во кое ја повика Владата да ја спроведе набавката на новите авотбуси, а доколку немаат средства за таа намена, со одлука на Советот на Град Скопје, ќе ги префрлат потребните средства за набавката.

На Скопјани им треба брзо решение за излез од состојбите, а ова што го бара Арсовска е процес на набавка на автобуси што трае година до година ипол, велат од Владата во одговор на отвореното писмо што го испрати градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска до премиерот Христијан Мицкоски.

– Пред Данела Арсовска да нуди дека парите за нови автобуси ќе ги ставела на посебна сметка, прво нека си ги плаќа ратите за автобусите кои ги набави Шилегов, за да не и ги плаќа Владата како што плаќа досега. Второ, Данела Арсовска треба да ги исплати парите кон приватните превозници кои им ги должи, а со чие функционирање се пополнува празнината на ЈСП со градскиот сообраќај, велат од Владата.

Оттаму посочуваат дека Арсовска пред Владата и пред јавноста ветила дека ќе достави план за излез од состојбите во градот, а дека план нема.

– Арсовска бараше програмите да бидат изгласани. Ние тврдиме дека за успешен град Скопје не е клучно гласањето на програмите, туку ефикасен менаџмент. Програмите се изгласани, а Арсовска сега смислува ново алиби за својата неуспешност, се вели во одговорот од Владата.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

Неделков: Очекувањата на сите вработени во дејноста образование е да се покачат платите во септември

Следно

Русија: Пронајдени остатоци од исчезнатиот хеликоптер и 17 тела

Latest from Blog

Се судрија училишен автобус и автомобил во Торино – едно лице загина, 20 ученици повредени

Во судир меѓу автомобил и училишен автобус утрово во Торино, во областа Аринџано, едно лице загина, а 20 се повредени. Во несреќата загинал возачот на автомобилот, а 20 ученици, од педесетте што

Лажните интернет-продавници измамуваат еден од осум купувачи во Германија

Речиси еден од осум онлајн-купувачи во Германија бил измамен од лажни виртуелни продажни понуди последните две години, покажува ново истражување. Анкетата ја спроведе институтот за анкети „Форса“ во име на германските потрошувачи,

Таневски: Следна станица – Вашингтон!

Пораките што европските челници ги испратија до земјава при презентацијата на Извештајот на Европската комисија за напредокот на Македонија се повеќе од јасни, дека суштината и не се толку реформите и Копенхашките

Потпишување на договор за стратешкиот тунел меѓу Ѓуешево и Деве Баир

Во четврток, министрите за транспорт на двете земји, Александар Николоски (РСМ) и Гроздан Караџов (Бугарија), ќе потпишат договор за подготовка и изградба на меѓуграничен железнички тунел долж Коридорот VIII, информираат од македонското

ВЛЕН: За ДУИ власта беше кислород – сега се гушат во поразот

Коалицијата ВЛЕН оцени дека раководството на ДУИ се наоѓа во „политичка паника“ по локалните избори и дека, како што наведуваат, обидот да се претстави референдумската иницијатива како патриотска кауза не успеал кај
Go toTop