Од унгарскиот кредит нема абер, Владата ќе се задолжи преку државни записи од 65 милиони евра

September 2, 2024
3 mins read

Соња ТАНЕСКА

Последните случувања околу економската ситуација во Македонија откриваат несериозни ветувања на новата Владата, а најголемиот коалициски партнер ВМРО-ДПМНЕ уште во предизборието постојано го најавуваше унгарскиот кредит за спас, но до денес нема конкретни информации или најави дека овој кредит е обезбеден.

Законот наводно се „крчка“ од јули годинава, но никако да ја види светлината на денот. Прво требаше да биде една милијарда, потоа 500 милиони евра, а последното инфо е дека и тие би ги добиле на две рати. Премиерот Христијан Мицкоски рече дека ова се едни од најдобрите услови кои што можат да се добијат , бидејќи кредиот ќе бил со 3 години грејс период , а вкупен рок за отплата 15 години и каматата од 3,25%.

И економистите со кои разговараше редакцијата на Рацин.мк изразија сомнежи околу овој унгарски кредит, бидејќи многу често се даваат различни изјави од страна на властите, а дека на засега освен тие најави нема ништо конкретно, но сепак велат да оставиме во наредниот период што ќе се случува.

Во меѓувреме, Владата утре ќе се задолжи преку две нови аукции на државни записи во вредност од 65 милиони евра. Министерството за финансии планира да се задолжи за вкупен износ од четири милијарди денари, а на аукцијата ќе бидат понудени 15 годишни државни обврзници во износ од 24,3 милиони евра со каматна стапка од 5,6%. На втората аукција ќе бидат понудени едногодишни државни записи во износ од 40,7 милиони евра со каматна стапка од 3,8%.

Износот на јавниот долг, заклучно со 31 март оваа година достигна неверојатни 8,76 милијарди евра. Состојбата станува неодржлива бидејќи од година во година се задолжуваме сѐ повеќе, а долгот за враќање ги чини македонските граѓани сѐ поскапо. Проекциите до крајот на 2024 година се дека јавниот долг ќе достигне ниво од 61,7 проценти од БДП.

Платите и економскиот стандард на граѓаните

Економската ситуација на граѓаните станува сè посложена. Според последните податоци од Државниот завод за статистика, просечната нето плата за јуни 2024 изнесува 41.939 денари, што за многумина останува недостижна бидејќи податоците од Сојузот на синдикати на Македонија покажуваат дека две третини од вработените земаат плата помеѓу минималната и просечната, додека 28% од вработените заработуваат минимална плата или малку повеќе од неа. Ова јасно покажува дека огромен дел од населението едвај успева да ги задоволи основните животни потреби.

Работниците бараат покачување на платите поради континуираниот раст на трошоците за живот, но од власта велат дека пари во Буџетот за оваа година нема.

Од септември ќе има усогласување на платите на вработените во јавниот сектор според општиот колективен договор, но тоа не значи покачување на платите, велат синдикатите кои реагираат дека сумата од усогласувањето е толку мала, што според нив е срамно да се нарече зголемување.

Ова усогласување е предвидено да биде 0,75 проценти од моменталната просечна плата во Македонија која изнесува 41.939 денари. Тоа значи дека работниците од следниот месец треба да добијат повисоки плати за 200 до 300 денари.

„Ова покачување е минорно и ќе биде срамно да се дава. Ние прво бараме на било кој начин да се утврди пораст на минималната плата, а истовремено чекаме веднаш да се седне и да се почнат разговори за утврдување на коефициенти согласно општиот колективен договор што треба да почне да се исплаќа од 1 март 2025 година“, вели претседателот на Синдикатот на УПОЗ Трпе Деаноски.

Во јавниот сектор се вработени 128.879 луѓе, според Регистарот на Министерството информатичко општество и администрација. Бројката достигнува до околу 160 илјади со оние кои се вработени со договор на дело. Ако има за сите покачување од 300 денари според усогласувањето, тоа ќе значи во Буџет треба да се предвидат околу 780 илајди евра месечно.

И покрај барањата на синдикатите за покачување на минималната плата на 450 евра, Владата тврди дека и за ова нема средства во буџетот за да ги исполни ниту овие барања.

Цени и недостиг на мерки

Цените на основните производи продолжуваат да растат, а Владата нема ефективни мерки за да ги спречи овие покачувања, па останува граѓаните да ја чекаат примената на законот за рестриктивни мерки кој го донесе претходната Влада, со кој треба да се намалат маржите. И покрај тоа што инфлацијата во моментов е на релативно ниско ниво, граѓаните се соочуваат со секојдневни ценовни шокови кои го намалуваат нивниот животен стандард. Во споредба со соседните земји, каде што се воведуваат мерки за ограничување на цените и поддршка на граѓаните, Македонија заостанува со соодветни решенија.

Во периодот од јануари до август, минималната кошница е зголемена за 4.036 денари, а од кога се пресметува по новата методологија, односно од декември лани до август годинава за 4.677 денари.

-Податоците од Синдикалната минимална кошница покажуваат дека и без зголемување на платите, трошоците за живот вртоглаво растат, нема оправдување за тоа, а истото никој не се обидува да го спречи, а ги прави граѓаните, работниците и пензионерите уште посиромашни. Податоците од Синдикалната минимална кошница треба да ги разбијат дилемите на сите оние кои мислат дека работничките плати се највиновни за растот на инфлацијата односно растот на трошоците за живот. Само со зголемување на платите може да се зачува животниот стандард на работниците и токму затоа барањата на работниците за зголемување на платите се оправдани, велат од ССМ.

За 629 денари се зголемиле минималните месечни трошоци на едно семејство во август во споредба со јули, објави денеска Сојузот на синдикати на Македонија, кој ја изработува синдикалната минимална кошница. Според пресметките на ССМ, во август вредноста на минималната кошница изнесувала 61.199 денари.

Државниот завод за статистика измери инфлација во јули од три проценти на годишно ниво.


ИЗВОР: racin.mk

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

Ќе се лимитираат цени на производи за да се намали трошокот за старт на учебната година

Следно

Лефков: Бисера Антоанета летала со владин авион за Црна Гора, чекала 2 дена пред настан за да има оправдување да бара државен авион, наместо да оди со службено возило

Latest from Blog

Пленковиќ: Имав многу добар разговор со Трамп

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ имал телефонски разговор со новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, кому му честитал за реизборот, објави премиерот на X. – Само што имав многу добар разговор со Доналд Трамп

НБА: Ванвлит казнет со 50.000 долари

Кошаркарот на Хјустон, Фред Ванвлит (30) е казнет со 50.000 долари поради непримерно однесување кон официјалните лица на натпреварот против Портланд, објави вечерва НБА лигата. Ванвлит доби техничка грешка во последните моменти

Доне Таневски продаде голем удел од акциите во „Македонија турист“ – „Скопски пазар“ на Фатмир Етеми ја зацврстува позицијата на втор најголем акционер

Доне Таневски, најголемиот акционер во хотелската групација „Македонија турист“, го намали својот удел од 23,4% на 17,72%, по продажбата на 25.669 акции. Македонска берза ја потврди продажбата, при што Таневски сега поседува

Костадинов: Горд сум што мојот предлог доби преубава реализација

Секој еден градоначалник и политичар треба најпрвин да биде човек, а потоа се останато, напиша градоначалникот на Општина Струмица, Костадин Костадинов, на својот фб профифл. Многу сум радосен за прекрасниот почеток на

НСО: Исплатени обврските кои беа заостанати од потпишувањето на колективниот договор

Независниот синдикат на одбраната информира дека денес Министерството за одбрана исполни уште една своја обврска од колективниот договор, исплатени се средствата кои беа заостанати од потпишувањето на КД заклучно со јуни. Исплатата
Go toTop