Од почетокот на израелските напади на Појасот Газа убиени се 9.770 луѓе, вклучувајќи 4.800 деца и 2.550 жени

November 5, 2023
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Билансот на загинатите во бруталните израелски напади во Појасот Газа е зголемен на 9.770 лица, од кои 4.800 се деца, а 2.500 се жени, известува Анадолу.

Портпаролот на Министерството за здравство на Палестина, Ашраф ал Кудра во своето обраќање пред новинарите во болницата Ал Шифа рече дека во израелските напади на Појасот Газа во изминатите 24 часа се убиени најмалку 270 лица, со што вкупната бројка на загинати од почетокот на израелските бомбардирања на 7. октомври е зголемен на 9.770.

Кудра информираше дека меѓу убиените најмалку 4.800 се деца, а 2.550 се жени.

Ал Кудра истакна дека 70% од жртвите во израелските напади на Појасот Газа се жени, деца и стари лица.

Тој додаде дека под урнатините на зградите во Газа за исчезнати се водат најмалку 2.660 луѓе, од кои 1.270 се деца.

„Израел спроведува геноцид и етничко чистење во Газа веќе 30 дена. Болниците во Газа нема да можат да даваат услуги за неколку часа“, предупреди Ал Кудра.

Нагласувајќи дека ќе треба да се обезбеди сигурен премин на хуманитарна помош и гориво во Газа, Ал Кудра наведе дека Израел лажел за безбеден премин на помошта.

Тој истакна и дека Палестинците ранети во израелските напади веќе три дена не можат да бидат префрлени во болниците во Египет.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Филипче: Неделното утро го започнав во хируршката сала, извршивме итна операција на пациентка со туморско крварење во мозокот!

Следно

Османи: Семејството Скаик од Газа вратени во земјава, работиме на извлекување на уште двајца наши државјани

Latest from Blog

Левандовски влезе во КЛУБОТ 500! (ФОТО)

Фото: ФЦ Барселона/Твитер Уште еден доказ дека станува збор за еден од најдобрите напаѓачи во светот во последните 15 годиини. Имено напаѓачот на Барселона, Роберт Левандовски, го запиша својот 500-ти натпревар во

Откажани се вкупно 20 летови: Најнови информации од Скопскиот аеродром, важна вест за патниците

Од 00:00 часот на полноќ до 20 часот, денеска 21 декември 2025 година, на Меѓународниот Аеродром Скопје, поради намалена видливост предизвикана од магла, состојбата со авиосообраќајот е следна: -Слетаа 13 авиони, од:

Џенифер Лоренс јавно го „чепна“ заводникот Леонардо Дикаприо: „Изгледаш одлично со…“

Убавата актерка Џенифер Лоренс предизвика големо внимание во јавноста поради верувањето дека суптилно јавно го критикувала својот колега Леонардо Дикаприо за неговиот љубовен живот, односно партнерките кои ги избира. Двајцата биле гости

Комерцијална банка и Македонијатурист со најголем неделен промет, МБИ10 со пад од 0,41%

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Во периодот од 15 до 19 декември 2025 година, на Македонската берза беа реализирани 328 трансакции со вкупна
Go toTop