Од овој месец печатените електронски документи ќе се признаваат како оргинални

January 4, 2025
1 min read

Печатените електронски документи ќе имаат иста важност како оргиналниот документ. Ова е овозможено со измените на Законот за електронски документи што ги изгласа Собранието.

– Во Собранието, мнозинството ја изгласа измената на Законот за електронски документи. Јас велам два члена се, многу мала измена, но мислам дека многу ќе значи. А тоа е дека, од сега електронски извадените документи од порталот или било кој друг државен портал, кој што се целосно електронски, ќе можете да ги испечатите и да ги користите исто како оригинален документ. Нема да треба да одите по печат, истакна министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски во синоќешното гостување во емисијата „За или против“ на телевизија Алфа.

Измените на овој закон, според Андоновски, ќе доведат до олеснување на вадење на документите и наместо да се оди по шалтери, граѓаните ќе ги добијат услугите на своите мобилни уреди.

– За жал, досега кога ќе извадевте некоја услуга од порталот, иако таа е потпишана со QR код и електронски потпис, и истата ќе ја приложевте во некоја институција како документ, ќе ви кажат дека документот не е оригинал туку копија. Со измени на законот, овој испринтан електронски документ ќе има иста важност како да е со обичен син печат, така што ќе може целосно да се користи насекаде, истакна Андоновски.

Најави дека ќе има инспекциски надзор, кој што по пријава од граѓани ќе реагира, доколку некоја институција не им ги прифати нивните испечатени електронски документи.

– Измената на овој закон ни дозволува и инспекциски надзор од страна на Министерството, што значи дека прво превентивно подготвуваме едно упатство, кое што ќе го испратиме до сите институции, да знаат како функционира процесот, да се свесни. Потоа, при пријава на граѓаните, кога ќе забележиме дека тие не го почитуваат законот, во случај да има такви, ќе имаме простор за изрекување и на прекршочни санкции за оние институции кои нема да ги прифатат овие електронски документи, појаснува Андоновски.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Бочварски: Експресниот пат Страцин – Крива Паланка беше проект на СДСМ, 90% беше завршен

Следно

Бразилскиот суд отвори истрага против израелски војник

Latest from Blog

Стуб до Трамп: Се формира „поевропско НАТО“ во кое Европа презема одговорност

Разговорот се одржал истиот ден кога Трамп за Ројтерс изјави дека размислува за повлекување на САД од НАТО. Стуб, на социјалните мрежи, го опиша разговорот како конструктивен. – Конструктивна дискусија и размена

Следува промена на времето со врнежи од дожд и снег

Промена на времето со врнежи од дожд и снег на повисоките места најавуваат метеоролозите поради засилена циклонска активност. Според прогнозата на Управа за хидрометеоролошки работи, врнежите локално ќе бидат пообилни и на места

Филипче со писма до ЕУ за политиките на Мицкоски

Се продлабочува судирот меѓу власта и опозицијата околу евроинтеграцијата на Македонија, во услови на повеќемесечен застој на процесот за приближување кон Европската Унија. Власта и опозицијата меѓусебно се обвинуваат за предавство на
Go toTop