Од Немо па до луѓе, постојат само два пола

April 19, 2024
1 min read

 Рибата-кловн – која стана глобално позната со анимираниот филм „Барајќи го Немо“ од 2003 година, денес служи како реквизит во тековната дебата за сексот и родовиот идентитет. Тоа е затоа што, за разлика од цицачите (вклучувајќи ги и луѓето), рибите кловн се она што научниците ги нарекуваат „секвенцијални хермафродити“ од протандрозната сорта.

Зошто е тоа така јасно му е на секој кој ја следи дебатата за правата на трансродовите и кампањата да се убеди пошироката јавност дека менувањето пол е вообичаена карактеристика во природното царство, вклучително и меѓу луѓето.

На пример, во Канада, јавно финансираниот CBC емитува документарен филм со наслов „Флуидно: Живот отаде бинарното“ во кој самопрогласената „небинарна“ водителка, Меј Мартин, се повикува на постоење на риби како Немо и разни други суштества кои потврдуваат дека сите ние сме „некаде во спектатор“.

Неодамна и британскиот активист за човекови права Питер Тачел се обиде да изнесе слични аргументи нудејќи го текстот објавен во Геј Тајмс: „18 животни за кои не сте знаеле дека се биолошки транс“.

„Овие животни покажуваат дека полот не е едноставен бинарен, машко и женско“, ќе подвикне Тачел. „Транс и интерсексот се реални. Навикнете се на тоа!”

Написот што го наведува Тачел и оди подалеку, осудувајќи ја самата идеја за „биологија“ како „псевдоинтелектуална“ фиксација на „сепаратистичките лезбејки“ и „десничарските лобисти“. Авторот, извесен Фран Тирадо, предупредува дека дури и спомнувањето на термини како „биолошки пол“, „биолошки маж“ и „биолошка женска“ е проблематично навреда за наводно небинарната родова природа на животот.

По кратка поединечна анализа на 18-те спомнати животински видови за кои се тврди дека се доказ за природниот „транс“, истражувачката на биолошки науки од Манчестер, Ема Хилтон и Џонатан Кеј, уредник во Килет го даваат слелниов заклучок.

Дали некои суштества го менуваат полот? Апсолутно. Но, ова не е нова информација. Тоа е факт за кој биолозите знаат долго време.

Она што е исто така добро познато е дека ниту едно од овие суштества што го менуваат полот не се цицачи, уште помалку луѓе. Тоа се инсекти, риби, гуштери и морски безрбетници чија биологија е различна од нашата на безброј (фасцинантни) начини. Уште повеќе, во секој опишан случај, секогаш има (најмногу) само два различни пола во игра – без разлика како тие два пола може да се префрлуваат или комбинираат. Еден од тие полови е машки, пол поврзан со гонадите кои произведуваат сперма (тестиси); а другата е женска, со гонади кои произведуваат јајце клетки (јајници).

Нема ништо друго на менито. Има само М и Ж.

Да, постои „спектар“. Но, тоа не е имагинарен спектар каков што активисти се обидуваат да го наметнат. Се работи за извонреден спектар на особини, однесувања и еволутивни адаптации што сите овие суштества ги прави дел од големиот натпревар на природата.

ИЗВОР: off.net.mk

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

Директорот на ЦИА предупредува дека Украина би можела да ја изгуби војната до крајот на годинава ако Конгресот не ја одобри помошта за неа

Следно

Алонсо со критики кон тимот и покрај крајниот успех против Вест Хем

Latest from Blog

Денот на албанското знаме во Скопје се прослави рафално, во Приштина и Тирана, достоинствено

Во Македонија се случи еуфорична прослава на албанско знаме, каква што немаше ниту во Косово ниту во Албанија. Тамошните граѓани, Денот на албанското знаме го прославија достоинствено. Во Тирана по повод 112

Македонија со убедлив пораз од Шведска го започна ЕП за ракомтарки

Женската ракометна репрезентација на Македонија со убедлив пораз од Шведска го почна настапот на Европското првенство, загубивме со 28-18. Македонските ракометарки имаа добар старт на мечот, поведовме и со 3-1, следуваше серија

Хаџи Јанев: Девастација на целиот систем 30 години, сите доајени на политикава се однесувале несоодветно

Во однос на состојбата во скривниците и нивното одржување, вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 проговори и проф. Методи Хаџи Јанев. Тој вели дека има девастација на целиот сектор речиси
Go toTop