Од нас зависи дали четвртата македонска република ќе биде европска или емигрантска, порача Пендаровски од Пелинце

August 2, 2023
1 min read

Ако поради преурането востание младата илинденска генерација беше десеткувана, денес поради задоцнети европски реформи постои опасност нашата млада генерација да биде раселена, порача Пендаровски од Пелинце

Без одлагање да ги надминеме разликите и да се сплотиме околу итно почнување на преговорите, бидејќи во спротивно ќе го изгубиме виталниот дел од општеството – младите, порача претседателот на државата Стево Пендаровски пред Меморијалниот центар АСНОМ во Пелинце, на свеченоста за 2 Август, Илинден – Денот на Републиката.

Најголемиот дел од говорот Пендаровски го посвети на младите како клучна алка во општеството, кои поради иселувањето, како што рече, станале загрозено малцинство. Пендаровски ги повика сите политички чинители да се вклучат во реализцијата на европските реформи кои, според него, ќе помогнат да се мотивираат младите да останат во државата и да се вклучат во изградбата на европска Македонија.

„Како ќе се постигне општествена мобилизација без ентузијазмот, храброста и активизмот на младите, кој ќе изразува револт против општествените и социјалните неправди, двигател на дигиталната трансфорамција и кој ќе се вклучи во културен натрпевар меѓу народите?“

рече Пендаровски.

Претседателот на државата Стево Пендаровски во Пелинце на одбележувањето на 2 Август – Илинден

Преговорите со ЕУ, како што рече Пендаровски, ќе помогнат и во борбата со корупцијата. Таа да биде помалку општествено прифатлива, а културата на неказнивост да се замени со култура на одговорност и личен, морален интегритет.

„Треба да ни е јасно дека добра алтернатива за европските реформи – не постои! Надворешните пречки не смеат да бидат алиби за забавување на реформите. Напротив, мора да го мобилизираме секој сегмент од општеството во искоренување на корупцијата, непотизмот и криминалот. Уште поважно, токму европските реформи ќе ни помогнат да го оствариме нашиот витален национален интерес, а тој е да ги мотивираме младите да останат во државава и да се вклучат во изградбата на европска Македонија, “

порача шефот на државата.

Одебележување на 2 Август – Илинден пред Меморијалниот центар АСНОМ во Пелинце

Правејќи споредба со Илинденското востание, Пендаровски рече дека Делчев со право бил против преурането востание кое ќе донесе крвопролевање, бидејќи тој не се залагал само за слобода на македонската земја, туку и за слобода на македонскиот народ, затоа што не сакал земја без народ.

„Ако поради преурането востание младата илинденска генерација беше десеткувана, денес поради задоцнети европски реформи постои опасност нашата млада генерација да биде раселена. Затоа денес, на Илинден, сеќавајќи се на трите македонски републики – Крушевската од 1903, Асномската од 1944 и независната од 1991, треба да бидеме свесни дека само од нас зависи дали четвртата македоснка република ќе биде европска или емигрантска“

рече Пендаровски.

Одебележување на 2 Август – Илинден пред Меморијалниот центар АСНОМ во Пелинце

ИЗВОР: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Германија бележи пораст на нападите врз засолништата за бегалци, 80 пријавени оваа година

Следно

Анчелоти изјави што ги чека Модриќ и Крос во следната сезона

Latest from Blog

Коњановски: Силниот ветер остави последици во Битола, службите го расчистуваат теренот

Три лица се повредени, неколку автомобили се оштетени, а околу 20 паднати дрвја се пријавени по силниот ветер што од синоќа ја зафати Битола. Градоначалникот Тони Коњановски, кој попладнево бил на терен

Од запуштен простор до уреден градски парк: Општина Прилеп и „Комуналец“ реализираа нов проект

Просторот пред спортската сала „Македонија“ во Прилеп доби целосно нов изглед по реализираните активности за реконструкција, уредување и обновување на паркот и урбаната опрема. Некогаш запуштената ливада сега е претворена во уредено

Електричната иднина зависи од бакарот – потребни се 332 милијарди долари за нови рудници

Електричните автомобили, обновливите извори и индустријата ја зголемуваат побарувачката, а недостигот на бакар може да трае со децении Преминот кон електрична енергија и почист транспорт отвора нов предизвик за светската економија –

Коњановски: Столици се поставуваат за минути, градот се гради со секојдневна работа

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, реагираше на герила-акцијата со бели столици поставени пред општинската зграда, на кои биле испишани имиња на проекти потребни за градот. Тој порача дека на столиците недостасувала важна

Од Валенсија и Кожани до Битола: Меѓународна соработка за посигурно водоснабдување

ЈКП „Водовод“ – Битола информира дека било домаќин на претставници од Политехничкиот универзитет во Валенсија, Шпанија, и Универзитетот на Западна Македонија во Кожани, Грција, во рамките на меѓународниот проект WATERVILL, кој го
Go toTop