Од над 15 илјади нови средношколци, повеќе од две третини се запишале во стручно образование

July 4, 2023
1 min read

Од МОН посочуваат дека учениците кои се упатени на поправни испити, испит на година или испити за побрзо напредување може да се запишат во училиштата во кои има слободни места, а пријавувањето ќе се врши на 21 август до полноќ

Точно 15 481 ученик се запишаа во средно образование годинава во двата уписни рока, покажуваат сумираните податоци што денеска ги објави Министерството за образование и наука (МОН) откако беа објавени конечните ранг-лист и од вториот уписен рок.

Од вкупниот број запишани ученици, мнозинството или 11 325 се запишале да следат настава на македонски јазик, а 3 852 на албански јазик. Има и 298 ученици за настава на турски, а само шест на српски јазик.

Кога станува збор за соодносот на гимназиско и стручно образование, пак, податоците покажуваат дека повеќе од две третини од новите средношколци се решиле за стручно.

Точниот број ученици што се запишале во гимназиско образование изнесува 4 603, а на оние во стручно е 10 277.

414 ученици, пак, се запишани во спортска гимназија, а 187 во уметничко образование.

Првото електронско пријавување на учениците беше на 20 и 21 јуни, а второто на 27 и 29 јуни. По објавувањето на прелиминарните резултати од уписите и доставувањето на документацијата, конечните ранг-лист беа објавени на 24 јуни и 1 јули.

Од МОН посочуваат дека учениците кои се упатени на поправни испити, испит на година или испити за побрзо напредување, може да се запишат во училиштата во кои има слободни места, а пријавувањето ќе се врши на 21 август до полноќ.

Листата на училишта и паралелки во кои се завршени уписите поради пополнети места може да се погледне ТУКА.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Петер Стано: ЕУ спроведе мерки против Косово бидејќи Приштина не ги презеде потребните чекори

Следно

Продолжен мандатот на генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг

Latest from Blog

Димитриеска Кочоска: Буџетските реформи ја зајакнуваат финансиската стабилност

Министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска заедно со премиерот Христијан Мицкоски и членовите на Владата оствари средба со амбасадорите на земјите членки на Европската Унија, на која се разговараше за спроведувањето на

Под истрага е директорот на Светскиот економски форум поради поврзаност со педофилот Епштајн

Организаторот на самитот во Давос, со седиште во Женева, изјави дека ги испитува информациите од Министерството за правда на САД кои покажуваат дека Бренде имал три деловни вечери со Епштајн и комуницирал

Како бремените жени станаа мета на дезинформации за вакцините

Додека институциите често покажуваат недоволна иницијатива и слаб одговор на проблемите, јавниот дискурс во земјата станува сè повеќе изложен на родови дезинформации кои ја потценуваат сериозноста на насилството врз жените, ги замаглуваат

Божиновска: Македонија го забрзува патот кон европскиот енергетски пазар

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини го презентираше напредокот на Реформската агенда пред амбасадорите на Европската Унија. На средбата се акцентираше на праведна енергетска транзиција, интеграција во европскиот енергетски пазар и
Go toTop