Од МНТ до МКЦ: Ѓорѓиевски ги слушна идеите на културните работници

September 5, 2025
1 min read

Скопје, 5 септември 2025 – Културата е срцето на Скопје, истакна Орце Ѓорѓиевски, градоначалник на Општина Кисела Вода и кандидат за Град Скопје, на денешната средба со културни работници и уметници. На настанот учествуваа професори од Драмската и Музичката академија, претставници од Друштвото на ликовни уметници, Националниот џез оркестар, директорот на МНТ, филмски творци, како и претставници на МКЦ и независната културна сцена.

Ѓорѓиевски и неговиот советник за култура, Лазе Трипков, разговараа за идните културни политики, поддршката на уметниците, зачувувањето на културното наследство и отворањето на нови простори за културна експресија. Тој нагласи дека посебен акцент ќе се стави на соработката со младите таленти и независната сцена, но и со докажаните автори и институции.

„Скопје е град на слоеви – историја, уметност и визии. Со ваквите средби го градиме мостот помеѓу институциите и културните работници, создавајќи заеднички стратегии и проекти што ќе му дадат ново лице на културниот живот во нашиот град“, изјави Ѓорѓиевски.

 

Според него, сите идеи и иницијативи што беа презентирани на средбата ќе бидат интегрирани во новите културни политики на Град Скопје, со цел градот да стане уште поотворен за уметничка креативност и културен развој.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Тони Тоневски за А1он: Пробиштип со нови инвестиции и шанси за младите

Следно

МОН и универзитетите работат на три нови закони за да се задржат студентите во земјава

Latest from Blog

Хоџа: Продолжуваме со силни инвестиции во Арачиново

Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, и градоначалникот на Арачиново, Даут Беќири, на денешната работна средба го потврдија напредокот на клучните инфраструктурни проекти во општината. Во моментов се активни

Судскиот совет ја предлага Мери Дика-Георгиевска за судија на Уставниот суд

Судскиот совет ја предлага Мери Дика-Георгиевска, судија на Апелацискиот суд, за судија на Уставниот суд. На денешната седница 10 члена на Судскиот совет гласаа „за“, еден беше против, а судијката Антоанета Димовска
Go toTop