Од израелските затвори ослободени 30 палестински жени и деца

December 1, 2023
1 min read

АЛ-КУДС/ЕРУСАЛИМ (АА) – Доцна синоќа од израелските затвори беше ослободена уште една група од 30 палестински жени и деца, јавува Анадолу.

Конвојот на Меѓународната организација на Црвен крст со 30 палестински жени и деца, ослободени како дел од договорот за размена на затвореници постигнат меѓу Хамас и Израел, успеа да стигне до окупираниот Западен Брег по рацијата на израелската војска.

Според палестинската новинска агенција ВАФА, конвојот на Црвениот крст што ги превезувал лицата од окупираниот Западен Брег, меѓу кои осум Палестинки и 22 деца, го напуштил воениот затвор Офер доцна синоќа.

Израелските војници интервенираа со оклопни воени џипови против претежно младите Палестинци кои чекаа во Бетуња, палестински град на патот кон затворот Офер и Рамала.

Конвојот од палестински затвореници успеа да стигне до окупираниот Западен Брег по рациите на израелската армија.

Група израелски затвореници, кои палестинската група Хамас во Газа им ги предаде на персоналот на Црвениот крст, синоќа преку граничниот премин Рафа беа пренесени во Египет.

Израелската армија синоќа соопшти дека Црвениот крст примил шест израелски заробеници од Појасот Газа и тие се пренесени во земјата.

Тие наведоа дека во седмата група израелски заробеници што ги ослободил Хамас во четвртокот имало вкупно осум лица.

Претходно Црвениот крст прими двајца израелски заробеници во центарот на градот Газа, додека другите шест заробеници ги прими во област во јужниот дел на Појасот Газа, во близина на граничниот премин Рафа.

Четиридневната хуманитарна пауза со посредство на Катар стапи на сила во петокот, 24 ноември, привремено запирајќи ги израелските напади врз Појасот Газа и ослободување на Израелците од Хамас во замена за ослободување на Палестинците од израелските затвори.

Во понеделникот вечерта Катар објави договор за продолжување на почетната четиридневна пауза за уште два дена, а потоа дополнително беше продолжена за уште 24 часа.

Утринава заврши „хуманитарната пауза“, која стапи на сила во петокот, како дел од договорот меѓу Израел и Хамас. Потоа Израел почна веднаш со бомбардирање на неколку локации во Појасот Газа, што резултираше со смртни случаи и повредени.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

(ВИДЕО) Ново издание на 360°: О’Брајан за уставните измени – не би гласал за тој што вели дека има подобра понуда, а не кажува каква

Следно

Во Кривичен пресуда за Мухамед Зеќири

Latest from Blog

Стотици муслимани упаднаа во христијански град во Сирија и направија пустош (ВИДЕО)

Нападите во претежно христијанскиот град Сукајлабија во покраината Хама се најновите во серијата напади насочени кон припадници на христијанското малцинство во Сирија. Многу христијани ја напуштија земјата од почетокот на конфликтот пред

Мадуро во порака повика на мир и единство во Венецуела

„Денес, повеќе од кога било, повикуваме на континуирани напори за консолидирање на мирот во земјата, национално единство, помирување, простување и повторно обединување на сите. Никој нека не отстапува од патот на дијалогот,
Go toTop